Свет
(Видео) Полицијата во Висконсин рани Афроамериканец, избувнаа протести и нереди во градот
Во американската сојузна држава Висконсин, полицијата, реагирајќи на повик за семејно насилство, пукала во еден Афроамериканец, кој е тешко ранет и е во животна опасност.
Ранетиот маж во болница го пренесла полицијата. Инцидентот се случил синоќа, а набгу на местото на настанот се собрале група граѓани, кои почнале да протестираат, при што избувнале нереди во градот.
Sad. Jacob Blake looks like he could have been grabing a gun. He wouldn’t have got himself shot if he had just followed the cops’ reasonable instructions in Kenosha WI. pic.twitter.com/rkYxJr0Pkp
— Mark Dice (@MarkDice) August 24, 2020
Полицијата засега не објаснува зошто полицајците пукале, а инцидентот ќе го истражува Министерството за правосудство.
Protests are now happening in Kenosha, Wisconsin.
Hours ago, police officers shot an unarmed Black man seven times in the back. He is currently in serious condition.
No justice. No peace. pic.twitter.com/1cieSMUBbB
— Rose Movement? (@Rosemvmt) August 24, 2020
Trucks set on fire in Kenosha riots. pic.twitter.com/TFhB0AkIRA
— Ian Miles Cheong (@stillgray) August 24, 2020
Во САД ова лето се случија голем број протести поради полициската бруталност и расизам по трагичната смрт на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој почина поради брутално полициско апсење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Од забава во болница, рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.