Македонија
„Екосвест“: Владата да ги заштити водните ресурси
„Екосвест“ најстрого ги осудува последните случувања со катастрофалното уништување на реките во државава за изградба на мали хидроелектрани. Последен ваков случај за кој, како што велат, реагираа и многу жители на Скопје е уништување на горниот тек на Маркова Река поради изградба на мала хидроелектрана.
„Во услови кога последиците од климатските промени зачестуваат и се зголемуваат во интензитет, ние како земја во развој, која нема финансиски средства да се справи со овие последици, едноставно не можеме да си дозволиме да останеме без водните ресурси, од кои зависиме за вода за пиење, вода за земјоделството и вода за одржување на скапоцените екосистеми“, вели Ана Чоловиќ-Лешоска од „Екосвест“.
Последниот извештај на Обединетите нации за влијанието на климатските промени врз водните ресурси од март 2020 година укажува на проблем со сè позачестени и продолжени сушни периоди, кои веќе предизвикуваат сериозен недостиг на вода во многу делови од светот. Според овој извештај, дури 2,2 билиона луѓе во светот денес немаат пристап до вода за пиење, а се очекува овој број забрзано да расте до 2050 година. ООН предупредува и дека продолжените сушни периоди ќе предизвикаат зголемување на болести, недостиг на храна и раселување на населението. Токму затоа се препорачува државите да ги приоретизираат водните ресурси во планирањето на сите политики.
„Според процените за климатски екстреми во нашата земја направени за потребите на третиот извештај за климатски промени што треба да го поднесеме до Рамковната конвенција за климатски промени, во периодот помеѓу 2016-2035 година температурите во земјава ќе растат за 1°C, а летните денови ќе се зголемуваат за 20-30 дена. Ова значи дека ќе имаме потопла и посува клима со зголемен ризик од продолжени сушни периоди“, предупредуваат од „Екосвест“.
Оваа летна сезона сведочиме и на драстично повлекување на Преспанското Езеро, како и пресушување на многу од реките во земјата, а земјоделците се соочени со тешкотии поради периоди на продолжена суша во услови на зреење на плодовите кога водата е најпотребна за да се добие производ со добар пласман, додаваат оттаму.
„Дополнително, изградбата на овие проекти во недопрени и природни предели со повеќе од познатата лоша градежна пракса ги уништуваат геоморфологијата на реките, биодиверзитетот, природните вредности и екосистемските услуги, кои овие предели ги овозможуваат за луѓето (чист воздух, чиста вода за пиење). Во нeдостиг од инспекциска контрола и надзор овие зафати стануваат чести мини еколошки катастрофи во земјата.
Сметаме дека во вакви услови очигледно е дека изградба на мали хидроелектрани е неразумно и неоправдано бидејќи во блиска иднина ние ќе се соочиме со хидроелектрани на суви речни корита. Владата мора да ја стави заштитата на водните ресурси и здравјето на граѓаните како висок приоритет во мерките за приспособување на климатските промени и да ги запире сите градежни активности на издадените концесии за мали хидроелектрани во земјата, кои би требало да се повлечат и да се направат нови процени за нивниот потенцијал за електрична енергија во согласност со најновите податоци и најновите климатски услови“, се вели во реакцијата на „Екосвест“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

