Македонија
Наградени 32 првенци на генерација од 23 средни училишта во Скопје
На 32 матуранти – првенци на генерацијата 2016 – 2020 и 2017 – 2020 од 23 скопски средни училишта – денеска во Град Скопје им беа доделени специјални признанија и парични награди на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли ан.
„Годинава наградуваме 32 првенци на генерација од 23 средни училишта во Скопје. Да се биде првенец на генерацијата значи дека си на пат да ги реализираш своите соништа. Јас навистина посакувам вашите соништа да ги реализирате овде, а соништата за вашата иднина да бидат врзани за нашата земја. Затоа што сме земја во подем, затоа што сме град што се менува, зашто сме општество што се менува и многу дилеми што сте ги имале во текот на средношколските денови полека ќе почнеме заедно со вас да ги надминуваме. Вие во многу блиска иднина ќе бидете моторот на општеството, на градот и на државата, ќе бидете оние што ќе треба да ги менуваат работите. Многумина од вас ќе станат лекари, инженери, правници, економисти, а јас ви пожелувам да станете и останете, пред сè, луѓе. Само човек што има знаење и личен интегритет е човек што ги движи и менува работите“, им порача градоначалникот Шилегов на матурантите.
Матурантите добитници на годинешните награди и признанија се:
Ана Марија Атанасовска – СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“
Давид Стојкоски – СУГС Гимназија „Никола Карев“
Теодора Поповиќ – СУГС „Георги Димитров“
Коста Аризанов – СУГС „Георги Димитров“
Ивана Стојановска – СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“
Стефан Митиќ – СУГС Гимназија „Орце Николов“
Лиле Стефановска – СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“
Анастасија Накова – СУГС „Димитар Влахов“
Кадире Бајрами – СУГС „Марија Кири Склодовска“
Ајсер Синани – СУГС „Марија Кири Склодовска“
Никола Иванчов – СЕТУГС „Михајло Пупин“
Јована Николоска – СЕТУГС „Михајло Пупин“
Лука Тасевски – СУГС Гимназија „Панче Арсовски“
Филип Николоски – АСУЦ „Боро Петрушевски“
Викторија Младеновска – АСУЦ „Боро Петрушевски“
Рина Османи – СГГУ ГС „Здравко Цветковски“
Исра Зеќири – СУГС „Зеф Љуш Марку“
Бисера Шегмановиќ – СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“
Никола Јовановски – СУГС „Лазар Танев“
Викторија Филипова – СУГС „Лазар Танев“
Борјан Јовановски – СУГС „Лазар Танев“
Ердуан Дуроски – ЕМУЦ „8 Септември”“
Борче Данчевски – ЕМУЦ „8 Септември“
Емеле Мемиши – СЕПУГС „Арсени Јовков“
Љејла Биљаљи – СЕПУГС „Арсени Јовков“
Ангела Несторовска – СУГС „Кочо Рацин“
Александар Мишовски – СУГС „Владо Тасевски“
Аделиса Арифи – СУГС „Шаип Јусуф“
Атин Неџиповиќ – СУГС „Шаип Јусуф“
Арзије Исмаиловска – СУГС „Сарај“
Сара Идар – СУГС „Цветан Димов“
Александар Симоновски – СУГС „Браќа Миладиновци“
Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ е под покровителство на градоначалникот Петре Шилегов и во организација на Дирекцијата за култура и уметност, а е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја. Преку неа Град Скопје секоја година го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта и на тој начин им оддава јавно признание за постигнатите резултати.
На денешното доделување на признанијата на матурантите првенци присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој им честита на учениците на постигнатиот успех, на нивните родители, но и на професорите што ги поддржале и помогнале да се надгради нивниот талент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

