Европа
Франција следи 15.000 лица поради радикализирање
Околу 15.000 лица се следени во Франција поради нивно радикализирање, изјави во неделата премиерот Мануел Валс, чијашто земја е соочена со џихадистичката закана без преседан.
Во Франција од јануари 2015 година се изведени низа терористички напади со исламистичка заднинана во кои се убиени речиси 240 луѓе, од кои најголеми беа оној од ланскиот 13-ти ноември во Париз со 130 жртви и од средината на јули годинава во Ница со 86 убиени.
„Франција следи речиси 15.000 луѓе поради нивната поврзаност со исламското радикализирање“, изјави социјалистичкиот премиер Мануел Валс, без да појасни дали овие лица се следени од тајните служби или, пак, се следат нивните активности на социјалните мрежи, пренесува AFP.
Досега француските власти зборуваа за околу 10.000 лица коишто се под надзор на тајните служби поради поврзаност со „исламистичкото движење“.
Покрај тоа, во притвор во Франција „поради директни врски со терористичките групи се речиси 300 лица“, додал Валс, потсетувајќи и на податокот за „речиси 700 француски џихадисти и државјани на Франција кои во моментов се борат во Ирак и во Сирија“,
Додал дека меѓу нив има „275 жени и повеќе десетици малолетници“, како и дека до денес се убиени 196 француски џихадисти, главно во Ирак и во Сирија, каде што дејствува екстремната сунитска групација Исламска држава./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нов напад на Киев, фрагменти од руски дронови паѓаат врз детска клиника
Делови од соборените руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални власти.
Сликите на урнатините расфрлани внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днипровски, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм.
Обезбедувањето на зградата е пренесено во болница, а оштетени се и соседните згради.
🚨🇷🇺🇺🇦
Breaking NewsRussian drone strike and damaged a clinic in the Dniprovskyi district of #Kyiv. There is also damage to neighboring buildings.#Ukraine #UkraineWar #UkraineRussiaWar️️ pic.twitter.com/gDegIFyfSf
— World Crisis Tracker (@WorldCrisi19621) November 28, 2024
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека остатоците од дронот ја погодиле инфраструктурата во областа Свијатошински на западниот брег на реката.
Воздушната тревога траеше повеќе од еден час.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.