Црна хроника
Петмина повредени во сообраќајка во Драчево
Пет лица се повредени во тешка сообраќајка што се случи синоќа околу 20.40 часот на локалниот пат од село Долно Лисиче кон Драчево.
Несреќата се случила кога автомобил „лада самара“ со којшто го управувал 29-годишниот Ф.М. удрил во рампата на железничкиот премин, а потоа се превртел.
Со тешки повреди се здобил дваесет и шестгодишен сопатник, но повредени се и останатите тројца сопатници, меѓу кои има 41-годишник, 36-годишник и 20-годишно момче.
Повредените се поренесени во ГОБ „Наум Охридски“ каде се задржани на понатамошно лекување./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.