Црна хроника
Аеродромски службеници краделе од багажот на патниците
Безбедносните служби на „ТАВ Македонија“ во сабота наутро откриле тројца аеродромски службеници за кои се сомневаат дека украле вредни работи од багажот на патниците.
По откривањето на случајот, службите ја известиле полицијата и заедно со неа работат на негово расчистување.
Станува збор за службеници кои работеле на пренос на багажот на патниците на лет на авиокомпанијата „Ер Берлин“.
„За казната на вработените на „ТАВ Македонија“ вклучени во вакви инциденти одлучува дисциплинска комисија и се преземаат мерки кои се во согласност со трудовото право во Република Македонија и со дисциплинските регулативи на ТАВ. За кривичниот аспект, активностите ги презема полицијата и соодветните органи “ соопштуваат од авиокомпанијата.
Аеродромот е под постојано, 24-часовно надгледување секој ден. Покрај патниците, при влезот и излезот од контролните точки, проверката се врши и врз вработените на аеродромот, како и на полициските службеници.
Покрај овие мерки, повремено и по случаен избор, се вршат и физички проверувања на вработените, кои го товарат и растовараат багажот од авионите./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

