Црна хроника
Во источна Франција разбиена албанска наркомафија

Минатата седмица во операција во источна Франција во Мулуз во која учествувале околу 250 француски, швајцарски и германски полицајци приведени се 43 осомничени од кои 20 останале во притвор поради трговија со дроги, објави во вторникот француската полиција.
Последните години албанската мафија почнала поактивно да дејствува во Франција, објасни на прес-конференција претставникот на француската полиција задолжен за истрагата Реми Кутен, пренесува AFP.
Во Мулуз и во регионот во границата на трите земји, на 16-ти октомври била изведена разијата во којашто биле запленети десетици килограми хероин, пари и рачно оружје. Групата осомничени била активна во Франција, Швајцарија и Германија,. Полицијата нагласи дека не сакала да овозможи границите да им послужат како заштита на криминалците.
Истрагата инаку е започната уште во 2010 година од пограничните служби на трите земји, а потоа е организирана специјална единица од француски, германски и швајцарски полицајци во соработка со Еуропол и Еуроџаст, агенцијата на европската полиција и правосудство, коишто вршеле истраги цели две години.
Осомничените на возраст меѓу 25 и 35 години, главно се албански и државјани на Косово којшто дрогата ја довезувале од Балканот, соопшти француската полиција/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре куќа во Драчево, нема повредени

Вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Драчево во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на Г.Д.(69) и Д.П.(71), двајцата од Скопје.
Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен е увид.
Црна хроника
Прегазена жена во Ресен, пренесена е во болница со тешки повреди

Вчера во 10:40 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на улицата „Илинденска“ во Ресен, патничко возило „форд“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(68) од Ресен, удрило во пешакот, 74-годишната Ф.Ј. од Ресен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Ј., констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.
Црна хроника
36-годишен маж од Гостивар измамен за сума од 7.200 денари

Вчера во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари. Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас на социјална мрежа за издавање стан во Скопје.
Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што подоцна не можел да стапи во контакт со неа, при што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.