Црна хроника
Откриена кумановско-радовишка линија за шверц на дроги
Кумановската полиција во неделата дoп Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал Скопје заедно со кривична пријава спровела три лица кои се сомничат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Имено, третопријавениот 27-годишен жител на Радовиш идентификуван како А.М. по претходен договор со второпријавениот 30-годишниот кумановец во петокот околу 23 часот дошол во Куманово и се сретнал со него, при што отишле во домот на 31-годишниот Ф.Р. каде му дал четири илјади евра за два килограма наркотична дрога позната како „сканк“, по што отишле да се сретнат со првопријавениот Ф.С. кој им ја дал дрогата и си заминал.
Откако третопријавениот проверил што има во ќесите констатирал дека бил измамен бидејки не се работи за наркотична дрога „Сканк“ туку е марихуана, по што му побарал на второпријавениот да му ги врати парите, кој пак му ветил дека утредента ќе му ги врати и го одвел во мотел да преспие.
Во саботата третопријавениот се договорил со второпријавениот да се сретнат за да му ги врати парите и кога тргнал да остварат средба истиот е фатен од полициските службеници од СВР Куманово. Веднаш потоа и прво и второпријавениот се фатени и врз основа на судски наредби се извршени претреси во нивните домови при што се пронајдени и одземени поголема количина на пари и мобилни телефони, по што се приведени во СВР Куманово. По извршеното вештачење на одземената наркотична дрога е констатирано дека се работи за нешто над 2,9 килограми марихуана.
Пријавените се познати сторители на кривични дела за што им се поднесувани кривични пријави и тоа на првопријавениот за убиство во обид, изнуда, недозволена трговија со дрога и предизвикување општа опасност, на второпријавениот за разбојништво и насилство, додека на третопријавениот за тешка кражба./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промил алкохол во крвта
Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.

