Црна хроника
Каменуван градски автобус, повредени двајца

Во саботата, тинејџер скршил стакло на приватен градски автобус во СКопје, при што повредени се двајца, јави полицијата.
Имено, вчера околу 19.30 часот, Ј. Н. (15) од Скопје со камен го скршил стаклото од приватен автобус бр.52, кој бил во движење од населба Колонија кон село Петровец, при што биле повредени две лица Д. А. и С. И.
Со возило на Итна медицинска помош Д.А. е префрлен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, додека С.И. сама отишла во ГОБ „Св.Наум Охридски“, за укажување на лекарска помош.
Сторителот Ј.Н. е фатен на лице место и во тек се мерки за расчистување на случајот по што против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Четирицикл се преврте во Лазарополе – Италијанец тешко повреден

Во атарот на село Лазарополе, на шумска необележана патека, италијански државјанин Л.М. (56) изгуби контрола над својот четирицикл и се преврте.
Во несреќата, тој се здоби со тешки телесни повреди и беше пренесен во болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му беше укажана медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полицијата.