Надворешна политика
Иванов-Безак: Словачка ќе настојува да ги реализира приоритетите на ЕУ во однос на Западен Балкан
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во петокот во Охрид оствари средба со словачкиот амбасадор Мартин Безак, со кого разговараа околу приоритетите и предизвиците на Словачка како актуелен претседавач со Советот на Европската Унија, и за можностите и перспективите на Македонија во однос на евроинтегративниот процес во наредниот период.
Амбасадорот Безак истакна дека Словачка ќе настојува максимално да ги реализира приоритетите на нивното претседателство и дека во однос на земјите од Западен Балкан, ќе се залага за продолжување на политиката на проширување и обезбедување на одржлива миграциона и азилна политика.
Претседателот Иванов, нагласувајќи дека претседавањето се случува во период кој никогаш не бил покомплексен и со повеќе предизвици како за ЕУ, така и за Европа во целина, посака успех и истакна дека Република Македонија како и досега ќе биде конструктивен партнер на Европската унија и на словачкото претседавање во соочувањето со предизвиците.
Македонскиот претседател изрази очекување дека Словачка како докажан пријател и партнер на Република Македонија, ќе вложи напори и засилена поддршка со цел да се постигне исчекор во македонските евроинтеграции, посочувајќи дека за Република Македонија од круцијално значење е да ги отпочне пристапните преговорите за членство во Европската унија.
Тоа ќе придонесе, истакна претседателот Иванов, за одржување на кредибилноста на политиката на проширување, но истовремено ќе претставува позитивен поттик за консолидирање и стабилизирање на внатрешната политичка состојба во Република Македонија и целосно фокусирање на сите општествени и политички чинители на реформските прашања.
„Интегративниот процес во ЕУ и НАТО што ужива национален консензус и поддршка е сила која освен што го обединува општеството, истовремено го придвижува кон реформските процеси и достигнувањето на стандардите. Статус – кво состојбата има обратен ефект“, истакна на средбата претседателот Иванов. Двајцата соговорници разменија мислења и информации во однос на клучните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се безбедносните закани, бегалската криза и падот на довербата во Европската унија./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.