Македонија
Казнети 475 лица за неносење маски
Во текот на изминатото деноноќие (04/05.09.2020 година) на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност“, истакнуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, таа наместо да излезе пред советниците со план за набавка на нови автобуси, повторно магично исчезна.
„Каде се парите од Град Скопје? Каде се ветените решенија? Одговорите остануваат зад затворени врати каде што се носат одлуките.
Арсовска ако воопшто има некаква грижа на совест за граѓаните, треба конечно да покаже вистинска отчетност. Доколку таа е подготвена на тоа, тогаш советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје се подготвени да го поддржат предлогот за нови автобуси“, додаваат од владејачката партија.
Во спротивно, како што велат, ова апокалиптично сценарио на коешто скопјани се принудени да се адаптираат секојдневно, ќе продолжи. „Пешачење со километри, доцнење на работа стана секојдневие затоа што неспособноста на Арсовска го сведе јавниот превоз да стане мисловна именка“, дополнуваат во реакцијата.
Македонија
(Видео) Трајчулевски: ВМРО-ДПМНЕ одби амандмани на СДСМ за изградба на пат и развој на туризам во демирхисарско
ВМРО – ДПМНЕ одби уште два амандмани на СДСМ, со кој се бараат средства за изградба на локален пат во демирхисарскиот регион, кој ќе биде од значење за населението, но и за развој на туризмот во земјата, информираат од СДСМ.
– СДСМ бара да се обезбедат средства за изградба на локален пат од населено место Сопотница до манастирот „Св. Атанасиј“ во општина Демир Хисар. Овој манастир, не е само религиозно, туку е и културно и туристичко наследство, не само за локалното населението, туку и за Македонија. Исто така да се издвојат средства и за реконструкција на локалниот пат од Слепче до манастирот Св. „Јован Претеча“ и ова е важно за да се подобри пристапот до овој манастир но и за развој на туризмот во овој крај“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, комисијата за финансирање на буџет.
Покрај овој амандман, како што истакнува Трајчулевски, беше предложен и амандман за реконструкција на локален пат во населено место Смилево, Демир Хисар, за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што Смилево, има историско, туристичко и културно значење за нашата држава.
Македонија
Уште еден земјотрес во Македонија, епицентарот е кај Богданци
Уште еден земјотрес е регистриран во Македонија.
Јачината е 2,5 степени според Рихтер, додека пак епицентарот е 14 километри североисточно од Богданци.
Длабочината е 20 километри.
Претходно земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја стресе Македонија.