Спорт
Кулушевски предизвика контроверзи во Шведска, Златан во негова одбрана

Улогата на несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски при домашниот пораз на Шведска од 0:1 од Франција предизвика контроверзи во нордиската земја, а со свој коментар се јави и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
Се очекуваше дека 20-годишното ново засилување на Јувентус, ќе добие шанса од почетокот на мечот, но тој влезе само во последните 20 минути и по мечот не го криеше разочарувањето.
„Мислам дека беше чудно, но морам да ја почитувам одлуката. Се надевав дека ќе влезам порано или да бидам во тимот од стартот бидејќи се чувствував добро на тренинзите. Се надевам дека ќе стартувам следниот меч“, изјави Кулушевски.
Селекторот Јане Андерсон беше нервозен на прес-конференцијата кога постојано беше прашуван за отсуството на Кулушевски.
„Ќе видиме дали ќе добие повеќе време во вторник. Има квалитети да израсне во голем фудбалер, но сега може да зборуваме за тие што играа добро, нели? Мислам дека тоа е многу поинтересно“, изјави Андерсон.
Ѕвездата на Милан и поранешен шведски репрезентативец, Ибрахимовиќ се јави во одбрана на сонародникот.
„Вистинска шега. Уште еден доказ дека имаме некомпетентни луѓе на погрешни позиции кои го задушуваат шведскиот фудбал“, напиша Ибрахимовиќ.
Vilket jävla skämt.
Ytterligare ett bevis.
Inkompetenta personer på fel positioner som kväver svensk fotboll.https://t.co/I0RBYZO561— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) September 6, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марк Маркез го задржа максималниот учинок во квалификациите

Марк Меркез ја освои пол-позицијата за ГП на Катар.
Ова е четврти пат шпанскиот мотоциклист да биде на првото место, па го задржа максималниот учинок во квалификациите.
Шпанецот постави најдобро време од 1:50.499, што беше недостижно за помладиот брат Алекс, кој беше втор.
Третото место му припадна на Фабио Квартаро, кој е на Јамаха.
Катастрофа во квалификациите имаше клупскиот колега на Марко Маркез, Франческо Бањаја, кој на стартот ќе биде само 11-ти.
Италијанецот имаше пад и во квалификациите, поточно во вториот дел, па тоа имаше големо влијание на крајот да биде само 11. место.
Спорт
(Видео) Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо на тренингот во Бахерин остана без волан

Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо на вчерашниот тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин се соочи со еден необичен проблем и остана без волан во текот на треингот.
Има долго кариера зад себе Алонсо во најбрзиот караван во светот, меѓутоа веројатно ваква ситуација не памети.
Во еден момент додека возеше Шпанецот остана без волан, но за среќа не беше во полна брзина и се најде на дел од патеката каде што има простор да реагира, па се помина без инцидент.
Fernando Alonso's steering wheel has come off 👀
The Spaniard is back in the pits now as Aston Martin investigate the issue #F1 #BahrainGP pic.twitter.com/fV1INSJYM4
— Formula 1 (@F1) April 11, 2025
Спорт
Модриќ го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната?

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ по крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид.
Договорот на Модриќ со шпанскиот тим истекува за два и пол месеци, а како што пренесува локалниот „Ас“ продолжувањето на соработката не е во оптек.
Хрватот има 39 години и веќе ги надмина сите очекувања на навивачите, кои пред две сезони сакаа тој да остане барем уште една година.
Познато е дека Реал Мадрид ретко задржува фудбалери кои се на залезот на кариерата, но Модриќ е многу заслужен што се уште е во шпанскиот тим.
Сепак, „Ас“ смета дека тоа повеќе нема да биде така.
Во иста ситуација ги ставија Лукас Васкез и Давид Алаба.