Црна хроника
Над 50 автомобили изгореа на паркинг во Словачка

Повеќе од педесет паркирани автомобили се запалија на полето кое служи како паркиралиште пред рекреативниот центар Сладковичово во југозападна Словачка, објавија во понеделникот полицијата и противпожарната служба
Портпаролката на полицијата на округот Трнава, Марија Ленкешова во неделата навечер изјавила дека целосно се изгорени се 40 автомобили, 16 се значително оштетени, а причинетата штета се проценува на околу 400 илјади евра.
„Деведесет отсто од паркираните автомобили се изгорени, другите се зафатени од пожарот. Полицијата уште ги истражува причините за огнот“, додала портпаролката којашто истакнала дека несреќата се случила во услови на екстремно високи температури.
Стотици сопственици на автомобилите немоќно стоеле и гледале како огнот ги проголтува нивните возила. За среќата нема повредени. „Бевме да се капеме со своите деца. Автомобилот ни е до половина јагленосан“, изјавил за порталот Cas.sk еден од капачите.
Полицијата во понеделникот соопшти дека засега ниту полициските кучиња обучени за пронаоѓање траги од запаливи материи не нашле ништо, па останува претпоставката дека жегата е виновник за пожарот./крај/мф/сн
Извор: CAS.sk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.