Црна хроника
Убиен тетовец, напаѓачите во бегство

Тетовецот Крсте Стерјоски бил убиен ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти СВР Тетово.
Две лица на возраст од 21 и 22 години од Тетово, извршиле напад врз 65-годишниот Крсте Стерјоски, а од здобиените повреди, тој починал.
Како што информираше портпаролот на СВР Тетово. Марјан Јосифовски, нападот се случил во петокот меѓу 15 и 16 часот, на улица „Гоце Делчев“, во непосредна близина на православните гробишта во Тетово, при што Стеројски се здобил со сериозни повреди.
Веднаш по нападот повредениот со возило бил однесен во Тетовската клиничка болница, каде му била укажана лекарска помош, но заради сериозноста на повредите, итно бил префрлен на Скопските клиники каде починал.
Обдукцијата била извршена во неделата.
„Полицијата извршила увид набрзо по пријавувањето на случајот, подигнала и одредени траги за вештачење и разговарала со лекарите во Тетовската болница. Двајцата осомничени сé уште се во бегство, распишана е потрага по нив и издадена е наредба од истражен судија за нивно приведување“, вели Јосифовски.
Стерјоски долго време работел во Швајцарија и покрај македонско, имал и швајцарско државјанство, а во родниот град се вратил пред неколку години по што почнал сопствен бизнис./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.