Црна хроника
МВР санкционираше 35 свои вработени за една недела
Против 35 вработени во Министерството за внатрешни работи поднесени се решенија поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од повеќе различни точки од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на 22 вработени им е изречена мерка парична казна, а на по четворица вработени им се изречени мерки „предупредување“, „писмено предупредување“ и „запирање на постапката“, додека на еден вработен изречена му е мерка „условен отказ на договорот за вработување“.МВР го објави списокот на полицајци против кој се поднесени решенијата, од кој може да се забележи дека најчесто станува збор за консумирање алкохол, посета на дискотека во униформа по работно време и учество во тепачки, дури и со колегиА.А., полицаец во ПС за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (спиел на работното место),С.Н., полицаец во ПС за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (испукал еден куршум од службениот пиштол од невнимание),М.Т., пилот капетан во Хеликоптерската единициа, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (ја поминал наплатната рампа без да плати патарина),Џ.С., полицаец во ПС за БПС при СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (му побегнало приведено малолетно лице), З.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (не повикал веднаш на разговор учесници во тепачка), С.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал во тепачка), К.К., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал во тепачка), М.Б., полицаец за патрола и интервенција во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (учествувал во тепачка), И.В., полицаец за патрола и интервенции во СВР Скопје, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (се степал со колегата за време на работа), Б.М., полицаец позорникар во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (не носел капа при спроведување службени дејствија и непристојно се однесувал кон странки), В.Т., полицаец позорникар во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од четири месеци (не носел капа при спроведување службени дејствија и непристојно се однесувал кон странки),П.К., полицаец позорникар во ПС ОН Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (земал керамидни блокови од плацот на соседот без негова согласност),М.Т., полицаец за БПС во СВР Битола, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (управувајќи службено возило под дејство на алкохол удрил во пешак), В.Е., помошник дежурен полицаец во ПС ОН „Бит Пазар“, изречена и е парична казна во износ од 5% од месечната плата во траење од шест месеци (не присуствувала на предавање што било задолжително, а за истото не го известила раководителот)Б.Д., полицаец за превенција во ПС ОН Кочани, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект), М.М., полицаец позорникар во ПС ОН Штип, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир во дискотека), С.К., водич на патролен тим во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа), А.Ј., полицаец администратор во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа), М.Т., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа), В.С., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа), З.М., полицаец во ПС за ГН „Стрезимир“ при РЦ за ГР „Запад“, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (бил под дејство на алкохол за време на работа),Ј.С., полицаец во ПО за ГП „Аеродром Александар Велики“ во Скопје, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (за време на работа го носел приватниот мобилен телефон),Н.А., полицаец позорникар во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека), З.Н., полицаец за патрола и интервенции во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека),К.М., полицаец за патрола и интервенции во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (по завршување на работното време, во униформа отишол во дискотека),А.К., полицаец за превенција во СВР Велес, изречена му е мерка „предупредување“ (постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството),И.С., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (додека вршел обезбедување на објект, се оддалечил од работното место), С.А., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (во униформа отишол во угостителски објект), М.С., полицаец во Одделот за посебни единици, изречена му е мерка „предупредување“ (во униформа отишол во угостителски објект) Ј.И., полицаец за патрола и интервенции во СВР Скопје, изречена му е мерка „условен отказ на договорот за вработување“ (се степал со колегата за време на работа).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

