Спорт
Дринквотер за проблемите: Заработувам многу пари, но тоа ништо не решава
Фудбалерот од средниот ред на Челси, Дени Дринквотер открива дека посетува спортски психолог во обид да ја рестартира својата кариера отворено зборувајќи за сите проблеми што му се случија во последните две години.
30-годишниот Дринквотер не се избори за стартно место во Челси и сака трансфер или заем од клубот ова лето, но малку клубови во Премиер лигата би ризикувале со него, особено по последните проблеми – удирањето на Жота со глава на тренинг во Астон вила и тепачката што ја предизвика во ноќен клуб во Англија.
„Знам дека работите во Челси не функционираа и дека направив многу грешки, но не е толку едноставно како што луѓето сметаат – да не играш фудбал и да земаш плата. Парите не ги решаваат проблемите. Чекот не ми помага и не размислувам за пари. Кога го удрив Жота, веднаш се извинив и отидов дома. Ја презедов одговорноста“, објаснува Дринквотер за „Телеграф“.
Сезоната 2019/2020 Дринквотер ја почна во Барнли, но заигра само двапати за клубот по нападот во еден ноќен клуб.
„Некои велеа дека се обидував да земам девојка на некој фудбалер, но не беше така. Одеднаш скокнаа и ме истепаа. Менталната состојба не ми беше добра и некои работи не требаа да се случат“, додава Дринквотер.
Дринквотер флертувал со туѓа девојка, па добил сериозен ќотек
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кари во 2025 година заработил речиси сто милиони повеќе од Јокиќ
Лидерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, заработи најмногу пари во НБА во 2025 година.
На листата на најдобро платени кошаркари, Кари е убедлив лидер со 159,6 милиони заработки во годината за која известуваме.
Втор е Леброн Џејмс со 137,6 милиони.
Во Топ 3 е уште еден ветеран, Кевин Дурант, чија заработка во 2025 година, според магазинот „Форбс“, е 104,3 милиони долари.
Грчкиот ас Јанис Антетокунмпо (99,1 милиони) е блиску до „клубот 100“, по него следуваат Џејсон Тејтум (79,1 милиони), Ентони Едвардс (65,6 милиони), Џоел Ембиид (65,2 милиони), Џими Батлер (65,1 милиони), Шеј Гилџис-Александер (63,3 милиони) и Никола Јокиќ (63,2 милиони), кој ја комплетира листата од десет играчи со најголема заработка во најсилната лига.
Интересно е што разликата помеѓу првиот (Кари) и десеттиот на листата (Јокиќ) изнесува речиси сто милиони.
Foto/ depositphotos
Спорт
Флорентино Перез не го сака Алонсо, ќе добие отказ ако изгуби во недела
Чаби Алонсо го преживеа домашниот пораз на Реал од Манчестер Сити (1:2) во шестото коло од Лигата на шампионите, но ако повторно загуби во недела против Алавес во 16-то коло од Ла Лига, ќе биде отпуштен. Ова го пишува Би-Би-Си по новиот неуспех на Реал, кој веќе некое време е во криза, поради што неговиот тренер е во опасност да добие отказ.
Шпанскиот новинар Гилем Балаге пишува за Би-Би-Си од Мадрид: „И покрај претходните извештаи дека Алонсо би можел да ја изгуби работата ако изгубат, Би-Би-Си Спорт дознава дека неговата позиција не е под непосредна закана и веројатно ќе издржи во следните неколку дена, но трет пораз по ред, во недела против Алавес конечно би можел да го означи крајот.“
Истиот извор додава: „Кога на прес-конференцијата по поразот од Сити беше прашан дали разговарал со претседателот Флорентино Перез, Алонсо одговори: „Дојдов директно тука“. Раководството на Реал разговараше за промената на тренерот длабоко во ноќта по поразот од Селта во неделата и би било големо изненадување ако не се сретнат повторно.“
Зборувајќи за иднината на Алонсо, Хуан Кастро, новинар на „Марка“ и инсајдер на Реал, изјави за Би-Би-Си Радио 5: „Јас сум песимист. Вистина е дека не беше тежок пораз бидејќи се бореа, лошо е што повторно загубија дома, уште еден пораз по ред. Доста е тешко за тренер да го поднесе тоа. Ќе видиме што ќе се случи, но сега атмосферата на Бернабеу е фокусирана на Чаби Алонсо.
Сега сум 100 проценти песимист. Перез не сака ваков тренер. Она што Перез не го прифаќа под никакви околности е пораз. Немате толку многу опции за замена на Чаби. Многу е лесно да се каже дека Чаби ќе биде отпуштен или дека е во опасност, но друго прашање е да се најде соодветна замена во декември.“
Поранешниот тренер на Баер Леверкузен и поранешен играч на Реал Мадрид ја презеде функцијата пред Светското клупско првенство ова лето и ја започна сезоната со 13 победи во првите 14 натпревари, но проблемите започнаа по поразот од Ливерпул на 4 ноември.
Оттогаш, Реал победи само на два од осум натпревари, во сите натпреварувања.
Реал е втор во Ла Лига, четири бода зад Барса, и е меѓу првите осум во Лигата на шампионите благодарение на гол-разликата. Алонсо сега преживува од натпревар во натпревар, поточно до првиот пораз. Тој не смее да го изгуби натпреварот кај Алавес, кој се игра во недела напладне.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ферстапен и оваа година најмногу заработил во Ф1
Холандскиот возач во кокпитот на Ред Бул, до неодамна светски шампион Макс Ферстапен и оваа година како најплатен во „најбрзиот циркус“.
Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени во Формула 1 и четврта година по ред, сите гледаат „во ретровизорот“ во четирикратниот светски шампион, барем кога станува збор за заработката. Практично, Макс забаработи речиси исто како и минатата година.
Неговата годишна плата е зголемена од 60 на 65 милиони долари, со фактот дека тој добива и бонуси, кои овој пат изнесуваат 11 милиони, што е пад во споредба со претходната сезона кога собра повеќе на својата бонус сметка кога беше шампион – 15 милиони.
Вкупно, Ферстапен заработи 76 милиони долари само оваа година, еден милион помалку од претходната година.
На второ место по заработка е Британецот Луис Хамилтон со 70 милиони долари годишна заработка, што е за 15 милиони повеќе отколку што имаше пред да се пресели од Мерцедес во Ферари. Хамилтон, поради лошата сезона стана без договорените бонуси.
Како што се очекуваше, пилотите на Мекларен, Ландо Норис, како нов шампион, и Оскар Пјастри, трет во генералниот пласман, собраа најмногу пари за постигнатиот резултат во штотуку завршената сезона.
Дури 39,5 милиони долари му припаднаа на Ландо како бонус за освојување на титулата. Со бонусот и платата тој годината инкасира 57,5 милиони вкупно.
Пјастри, исто така, се искачи на листата на најплатени возачи, поместувајќи се од седмото место минатата година на четвртото место на крајот од оваа година – неговата заработка е 37,5 милиони. Третина од оваа сума е од бонусот.
Шарлс Леклер (Ферари, 29,5 милиони долари), Фернандо Алонсо (Астон Мартин, 26,48 милиони долари), Џорџ Расел (Мерцедес, 25,93 милиони долари), Ленс Строл (Астон Мартин, 13,3 милиони долари), Карлос Саинц (Вилијамс, 12,8 милиони долари) и Кими Антонели (Мерцедес, 12,6 долари) се зад споменатата четворка.
На листата Топ 10 на најплатените се наоѓаат две имиња кои не беа во ова друштво претходната година, тоа се Ленс Строл од Астон Мартин и Андреа Кими Антонели од Мерцедес.
Вкупно, 363 милиони долари поделија десетте најплатени возачи во Формула 1, што е зголемување од дури 15% во споредба со претходната година.
Foto/ depositphotos

