Црна хроника
Полска:Мајка обвинета за убиство на пет новороденчиња

Државното обвинителство на округот Ломза на североистокот на Полска во петок против 41 годишна жена од тамошното село Хиполитова покрена обвинение за убиство на пет свои новороденчиња во периодот меѓу 1998 и 2012 година.
„Знаеме дека од 1998 до 2012 година жената родила шест деца, четири машки и две девојчиња. Сите деца се родени живи, но заклучивме дека пет од тие шест се мртви. Во тек е истрага за да се утврди што се случило со шестото дете“, изјави портпаролката на обвинителството Марија Кудјуба.
Посмртните останки на децата се пронајдени во подрумот и на таванот на куќата во која жената живеела со своите две други деца, на возраст од 7 и 10 години, и со партнерот. Децата се сместени во други семејства.
Жената има уште две возрасни деца, од бракот со мажот кој починал пред неколку години.
„Жената ја криела бременоста. Не се снаоѓала најдобро во животот, имала проблеми со алкохолот и била на социјална помош“, изјави за дневниот весник Gazeta Wyborcza портпаролот на судот во Ломза, Јан Лесчевски. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.