Македонија
Регистрирани 98 нови случаи на Ковид-19, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-13, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-5, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-7, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-2, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенит од: Скопје-19, Куманово-7, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Берово-3, Делчево-3, Свети Николе-2.
Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15791, бројката на оздравени пациенти е 13184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1959. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6309, активни 564
• Куманово 1602, активни 221
• Дебар 268, активни 35
• Штип 1204, активни 76
• Прилеп 562, активни 139
• Тетово 1301, активни 127
• Струга 625, активни 62
• Велес 287, активни 18
• Битола 245, активни 47
• Охрид 392, активни 60
• Кавадарци 202, активни 31
• Гостивар 854, активни 97
• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 103, активни 46
• Крива Паланка 82, активни 37
• Радовиш 52, активни 9
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 186, активни 52
• Пробиштип 95, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 84, активни 12
• Пехчево 42, активни 27
• Берово 73, активни 31
• Валандово 11, активни 3
• Виница 94, активни 34
• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 5
• Свети Николе 309, активни 21
• Кичево 290, активни 37
• Ресен 153, активни 6
• Неготино 49, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1253 теста се преку: ИЈЗ-377, ЦЈЗ Скопје-43, Авицена-274, Биотек-90 , МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-105, Систина со PCR метода -154, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-156, Инфективна клиника-2, ГАК-5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 165.892 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 138, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 52
• Гази Баба – 76
• Аеродром – 97
• Карпош – 68
• Центар – 75
• Кисела Вода – 55
• Ѓорче Петров – 27
• Бутел – 35
• Шуто Оризари – 12
• Студеничани – 10
• Сарај – 17
• Арачиново – 8
• Илинден – 12
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 4
• Нераспределен-6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, нема пријавени штети, соопшти ЦУК

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица, информираат од таму.
„Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби“.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.
Според информацијата, во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 Градско – Прилеп од раскрницата кај бензинската станица Лукоил до клучката кај бензиската станица Салида.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Таравари од човек со став, стана потрчко на Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ и нивните сателити реагираа. А и како не би врескале, кога Таравари конечно го положи испитот на максимална послушност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од АА на Таравари сега слушаме апсурдна логика: ако ВМРО-ДПМНЕ ги критикува, значи се на вистинскиот пат. Не, не сте!
Вие сте на патот на ДУИ. А тоа значи: пат на корупција, клиентелизам и лични договори зад грбот на народот. Кога ДУИ ќе ви аплаудира, кога нивните портали ќе ве бранат, кога поранешни противници ќе ве фалат, знаете дека сте направиле нешто многу погрешно“.
Во соопштението од владејачката партија велат дека Арбен Таравари не е нападнат затоа што некој се плаши од него. Напротив, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, жално е да се гледа како еден лекар, некогаш со кредибилитет, сега мора да се правда преку соопштенија на ДУИ и да се радува кога тие го „тапкаат“ по рамото.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека партијата е „нападната затоа што е пречка за криминалот на ДУИ и нивните нови соработници.
И тоа е вистинската причина за нервозата. А Таравари, колку и да се труди, нема да може да ја избрише вистината: од човек со став, стана човек со валкани домашни задачи. Да потпишува партиски соопштенија напишани во Мала Речица.
Дали е на „вистинскиот пат“, најдобро покажуваат анкетите. Од 2,7% поддршка, падна на 1%, а според некои и под 1%. Ако тоа значи да си на вистинскиот пат, да станеш потрчко на Ахмети, и да ти се сруши рејтингот тројно, тогаш навистина „добар пат“ има фатено.
На добар пат е Таравари да ја доживее целосната НДП-изација и ДПА-изација на својата структура. Да се сведе на 3–4 илјади клиентелисти што ќе чекаат Ахмети да им додели некоја функција или тендерче, со некоја идна влада на СДС, ако некогаш таква се случи. Таков е нивниот „пат“, таква им е стратегијата – и тоа е нивно право“.
Наше право и обврска како ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата на Мицкоски, е да внимаваме во иднина, во која било идна коалиција, никогаш да нема Таравари или некој сличен по „интегритет“.
Му порачуваат на Таравари да си ги обнови релациите со Филипче и со Заев и нека остане, како што велат, во друштво во кое најдобро се пронаоѓа.
„Ахмети ќе му најде место. А народот, ќе си пресуди. Како што знае“.