Црна хроника
Два килограми хероин откриени на г.п.Богородица

Царинските службеници од граничниот премин Богородица – автопат спречија обид за нелегално пренесување на два килограми високо квалитетен хероин.
Според првичните информации дрогата била наменета за Албанија, а се работи за висококвалитетен хероин кој на нарко пазарот би достигнал вредност од околу 50.000 евра. Како што се наведува во соопштението, во понеделникот изутрината околу 05:30 часот, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријавил автобус на транспoртната фирма од Истанбул, Турција. При детален прегледот на патниците од автобусот кај една патничка албански државјанин, на нејзиното тело, поточно над стомакот се откриени 7 (седум) пакетчиња со непозната прашкаста материја со светло кафена боја со тежина околу 2000 грама. По извршеното тестирање на пронајдената светло кафена материја со тестери за дрога утврдено е дека станува збор за наркотично дрога– хероин. Сторителот и хероинот се предадени на инспектори од Одделението за истраги заради превземање на понатамошни предистажни дејстивја. Од спроведената предистражна постапка, собрани се докази кои укажуваат дека осомничената договорила транспорт на дрога со автобус и тоа за цена од 300 евра. Првобитно истата била контактирана од непознато лице од Тирана кој што при неговата посета во Корча и понудил истата да работи како транспортер на дрога на релација Турција –Албанија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Вчера во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, еден возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, двајца возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, еден возач кок управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, еден возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени се два мотоцикли по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци“, соопшти МВР.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Црна хроника
Детали за сообраќајната несреќа кај Бит-пазар: велосипедистот со тешки повреди пренесен во болница

МВР со детали за вчерашната сообраќајна несреќа што се случи кај Бит Пазар, а во која учествуваа автомобил и велосипедист.
„На 08.07.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.А. и велосипед управуван од А.Ј.(32), двајцата од Скопје“, велат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен маж во Демир Хисар: возел под дејство на алкохол

Вчера во 20.35 часот на улицата „Битолска“ во Демир Хисар, од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар е лишен од слобода 59-годишниот Б.М. од село Бучин, крушевско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М., и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, ќе биде поденесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.