Свет
Кинеските вакцини против Ковид-19 на пазарот можеби во ноември

Вакцините против коронавирусот, кои се развиваат во Кина, би можеле да бидат подготвени за јавноста уште во ноември, изјави официјален претставник поврзан со кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ).
Кина има четири вакцини против Ковид-19 во последната фаза од клиничкото испитување. Најмалку три од нив се веќе понудени на најизложените служби.
Третата фаза се одвива непречено и вакцините може да бидат готови за јавноста во ноември и декември, рече главниот експерт за биобезбедност на ЦДЦ, Гвижен Ву, во интервју за државната телевизија.
Гвижен, која рече дека не доживеала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци по преземањето на експерименталната вакцина во април, не прецизира за која вакцина станува збор. Одделот на државниот фармацевтски гигант на Кинеската национална фармацевтска група („Синофарм“) и „Синовац биотек“ развиваат три вакцини како дел од државната програма.
Четвртата вакцина против Ковид-19 ја развива CanSino Biologics, а нејзината употреба е одобрена во јуни.
„Синофарм“ во јули соопшти дека нејзината вакцина може да биде подготвена за јавна употреба до крајот на годината по завршувањето на испитувањето во третата фаза.
Светските производители се натпреваруваат за развој на ефикасна вакцина против вирусот, кој уби повеќе од 925.000 луѓе.
Водечките западни производители на лекови ветија претходно овој месец дека ќе се држат до стандардите на научно истражување и ќе отфрлат каков било политички притисок за забрзување на процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јапонија постави втор температурен рекорд за само една недела

Јапонија постави нов температурен рекорд по втор пат за една недела, среде жестокиот топлотен бран што го погоди поголемиот дел од земјата. Температурите во градот Исесаки во префектурата Гунма, северозападно од Токио, се искачија на 41,8°C во вторник, според Јапонската метеоролошка агенција.
Тоа го надмина претходниот максимум од 41,2°C забележан на 30 јули во префектурата Хјого во западна Јапонија, кој го надмина претходниот рекорд поставен првпат во 2018 година.
Климатските промени се клучен фактор за зголемувањето на температурите, што пак оптоварува сè, од електричните мрежи до здравствените системи, бидејќи луѓето имаат потреба од повеќе ладење и се поподложни на болести поврзани со топлината.
Јапонија издаде повеќе предупредувања за топлина оваа година и воведе построги правила за работодавците за да се осигура дека работниците се заштитени. Просечната температура во Јапонија минатиот месец беше највисока досега.
Неколку области, исто така, забележаа многу малку дожд, а регионите Тохоку и Хокурику ги забележаа најниските јулски врнежи од дожд откако започнаа евиденциите во 1946 година, објави „Блумберг“.
Свет
Јапонија ќе гради високоавтоматизирани воени бродови за Австралија

Јапонија денеска потпиша договор вреден 10 милијарди австралиски долари за изградба на воени бродови од следната генерација за Австралија, што претставува најзначајна продажба на јапонска одбранбена технологија од укинувањето на забраната за извоз на воена опрема во 2014 година – чекор што го оддалечува Токио од поствоениот пацифизам.
Според договорот, компанијата Mitsubishi Heavy Industries од 2029 година ќе ѝ испорачува на Кралската австралиска морнарица надградени повеќенаменски фрегати од класата Mogami.
Овие високоавтоматизирани воени бродови, дизајнирани за лов на подморници, напад на бродови и противвоздушна одбрана, ќе може да се управуваат со само 90 морнари – помалку од половина од екипажот потребен за сегашните бродови.
Австралија планира да ги распореди новите бродови за одбрана на клучните поморски трговски рути и северните морски подрачја кон Индискиот и Тихиот Океан, каде што Кина сè повеќе ги зголемува својата присутност и активностите.
Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин