Македонија
„Саса“ ќе плати казна од најмногу 100.000 евра за истекувањето јаловина во реката Каменица
Министерството за животна средина и просторно планирање, во врска со истекувањето јаловиштен материјал од рудникот „Саса“ во Каменичка Река, информира дека Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор.
„Во согласност со извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице ‘Рудник Саса’, направен е теренски увид со фотографирање и увид во документацијата. Притоа се констатира дека во раните утрински часови во 5.45, па се до 7.15 часот, се случило плакнење јаловиштен песок од 3.000 m3 од хидројаловиштето бр. 4 поради контактна филтрација во десниот крак. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до наполнување на зафатот на малата хидроелектрана и на речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловиштен материјал од хидројаловиштето бр. 4, кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба“, се вели во извештајот.

Од страна на водостопански инспектор понуден е записник за почнување постапка за спогодување во согласност со член 212-ж за прекршоци од трета категорија, став 1 (максимална глоба во износ од 100.000 евра во противредност во македонски денари за правно лице), точка 7 од Законот за животната средина, а правниот субјект треба да постапи во согласност со предложените мерки за заштита наведени во записникот за констатација и решението во инспекциска постапка, кое во согласност со законот ќе биде доставено во предвидениот рок.
Записникот за почнување постапка за спогодување е потпишан од управителот на правното лице, а понатамошната постапка продолжува пред комисија за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање, која ќе донесе конечна одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

