Црна хроника
Алил Демири последен пат кога му се јавил на брат му, му кажал дека заминал за Белгија
Братот на првообвинетиот за петкратното убиство кај Смилковското езеро, Алил Демири, Кезмедин Демири на 12 април минатата година, дента кога се случи убиството, како вработен во АРМ дежурал во касарната Илинден.
Последен пат се слушнал со неговиот брат, на 24 или 25 април, кога брат му му кажал дека ќе оди да работи во Белгија за да заработи за свадба.
Кезмедин Демири, кој во понеделник сведочеше како сведок на одбраната, не знаеше со кого заминал брат му во Белгија, тие немале роднини таму, но знаел дека браќата Африм и Агим Исмаиловиќ имале роднини во Белгија.
Братот на Алил Демири контактирал и со Сејди Рами, еден од обвинетите, кој бил механичар којшто му го поправал автомобилот.
На прашање на судот дали некогаш му се јавил на Сејди Рами за да го предупреди дека има полиција во Арачиново, Кезмедин повтори, дека целта му била да го предупреди дека има полиција бидејќи не му било регистрирано возилото.
Кезмедин изјави дека на 1 мај во 4 часот, полицијата ги привела без судски налог, а освен него била приведена и нивната сестра.
Судењето за случајот „Монструм“ сè уште тече без првообвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Тие беа уапсени на Косово, но косовските власти сега ќе им судат за оружјето кое го најдоа кај нив кога ги уапсија. Сè уште не се знае кога ќе бидат екстрадирани во Македонија за да одговараат за петкратното убиство. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

