Црна хроника
Притвор за скопјанец кој со закана со нож ограбил аптеки
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило две кривични дела разбојништво.
Осомничениот 38-годишен скопјанец на 10 септември влегол во аптека на улицата Васил Главинов во Скопје и на вработената ѝ се заканил со нож барајќи да му ги даде парите од дневниот промет. Потоа се упатил кај касата, од каде што одзел 4.430 денари и побегнал.
На 14 септември, пак, на истиот начин одзел 16.500 денари од аптека на булеварот Св. Климент Охридски. Потоа се обидел да ѝ го одземе и мобилниот телефон на вработената, која се спротивставила и дала отпор со туркање. Осомничениот дел од парите од дневниот промет ги извадил од металната каса на аптеката, а дел од картонска кутија во магацинскиот дел на аптеката, а потоа побегнал.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека лицето би можело да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

