Свет
Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“.
Брејвик планира да поднесе нова тужба против норвешката држава поради условите под кои престојува во затвор, каде е одделен од другите затвореници, рекол неговиот адвокат.
Брејвик, кој е најозлогласен затвореник во Норвешка, се наоѓа во затвор откако во 2011 година уби 77 луѓе на островот Утоја и во центарот на Осло.
Во 2012 година судот го осуди на 21 година затвор, а казната може да биде и продолжена на неодреден период.
„Во негово име поднесов барање за условно ослободување. Тој има право на законско разгледување за условно пуштање на крајот на минималниот период, а во овој случај тоа се 10 години. Тоа право го имаат сите осуденици и тој сака да го искористи“, изјавил адвокатот на Брејвик.
Тој и претходно ја тужеше норвешката држава зошто во затворот се наоѓа во изолација, што, според него, претставува кршење на Европската конвенција за човекови права и нехуман и деградирачки третман.
Во затворот Скијен тој има три ќелии од по десет метри квадратни со поглед надвор и може да се занимава со рекреација, игра видеоигри и гледа телевизија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.