Македонија
Град Скопје уредува нов зелен сквер во Аеродром

На постојната зелена површина од 2.000 квадратни метри на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во општина Аеродром, денеска почна редизајнот на третата од вкупно 4 локации што Град Скопје ги уредува во зелени скверови.
„Ова е третата локација на која Град Скопје во соработка со ‘Скопје лаб’ работи на уредување на запуштените површини што се наоѓаат во разни општини. Целосното преуредување на просторот се очекува да заврши за 30 дена, а ќе се врши врз основа на анкетите што се направени со локалното население што гравитира кон овие површини. Анализирани беа нивните навики и потреби за да го направиме овој простор во Аеродром едно пријатно катче, каде што тие ќе го поминуваат слободното време“, рече Шилегов.
Вредноста на проектот за уредување на новиот зелен сквер изнесува приближно 3,7 милиони денари, а реализацијата на се очекува да заврши за 30 дена.
Локацијата е избрана од граѓаните како една од 7-те локации во Скопје идентификувани во рамките на иницијативата на „Скопје лаб“ и УНДП, што почна во 2018 година. Во овој процес беа вклучени разни возрасни групи граѓани преку користење квалитативни и квантитативни методи за утврдување на потребите на граѓаните што живеат во овој дел од населбата.
Дополнително, се работи на мапирање на дневните и ноќните активности и на програма, на однесувањето на луѓето и природата, физичката микро и макрооколина, со цел подобро разбирање на постојниот социо-културен контекст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).