Свет
ЕП усвои резолуција со која се бараат поостри санкции за Русија поради случајот со Навални
Европскиот парламент усвои резолуција со која се бараат дополнителни санкции против Русија во врска со наводното труење на Алексеј Навални минатиот месец, пренесува „Спутник“.
Резолуцијата предвидува итна меѓународна истрага за ситуацијата околу опозициската фигура со учество на ЕУ, ОН, Европскиот совет и Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Најавата доаѓа во период кога Европскиот парламент го одржа последниот ден на пленарната седница, на која требаше да се гласа за ситуацијата поврзана со Навални и за немирите во Белорусија.
Во нацрт-резолуцијата, издадена ден претходно, пратениците повикаа на ревизија на односите на ЕУ со Русија и продолжување на нејзината изолација на меѓународните форуми. Имаше и повици да се прекине проектот за гасоводот „Северен тек 2“.
На 20 август Навални се разболе за време на домашен руски лет. Првично беше лекуван во сибирскиот град Омск, каде што авионот мораше итно да слета. Два дена подоцна, кога лекарите утврдиле дека тој е способен за прекуграничен воздушен транспорт, Навални беше пренесен во болницата „Шарите“ во Германија за понатамошно лекување.
Подоцна, германската влада соопшти дека лекарите откриле траги од нервен агенс од групата новичок во неговиот систем. Москва укажа на недостигот од докази во тврдењата на Берлин и напомена дека руските лекари не откриле токсични материи во Навални.
Наводното труење на Навални поттикна многу европски официјални лица да повикаат на воведување дополнителни санкции кон Русија. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва ќе одговори реципрочно ако западните земји воведат нови санкции за случајот со Навални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

