Црна хроника
Тешко повреден кичевчанец во сообраќајка на патот Охрид-Кичево
Кичевчанец се бори за живот на скопските клиники по тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 13.20 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на „Опел Старт“, јавува Охридњуз.
Во несреќата учествувале возило „Опел Астра“ управувано од 82 годишен жител на кичевското село Српница и„ голф“ со струшки регистерски таблички управувано од 25 годишен жител на селото Теферич.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на астрата, кој веднаш бил пренесен во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.
На местото на несреќата излегла екипа на сообраќајната полиција, а за време на увидот возилата на прометната магистрала наизменично се пропуштаа во двата правци.
Причините за сообраќајната несреќа се утврдуваат./крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

