Свет
На сила новите мерки во Австрија

Од полноќ во Австрија почнаа да важат новите правила, поостри мерки во борбата со епидемијата на коронавирус, кои го ограничуваат бројот на лица на приватни прослави.
Исто така задолжително е и носењето маски.
Министерството за здравство издаде уредба со која се воведуваат новите мерки ширум Австрија.
Што се однесува до прославите, без посебно обележани места за седење, во затворени места дозволено е максимално десет луѓе. Исклучок се погребите, каде може да присуствуваат и до 500 луѓе.
Со уредбата се предвидува манифестициите со над 250 лица за одржување мораат да имаат одобрение од надлежните власти.
Веќе со 50 лица во затворени простории или 100 лица на отворено, неопходно е организаторот да има концепт за спречување инфекции.
Што се однесува до угостителството, воведена е обврска да се затвори локалот до еден часот по полноќ.
Министерството за внатрешни работи најави дека ќе спроведе строги контроли низ целата земја и ќе го казни секое прекршување.
Понатаму, во гастрономијата се менува тоа што сега гостите треба да носат маски кога влегуваат и излегуваат од локалот. Покрај тоа, бројот на луѓе на една маса е ограничен на десет. Регулативата исто така нагласува дека потрошувачката на храна или пијалаци е можна само на маса, што забранува стоење во барот.
Обврската за носење маски сега е проширена од јавниот превоз и затворените простори како што се институциите, до трговските центри и пазарите, но и на саемите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.