Европа
Десниот кандидат за австриски претседател го призна поразот
Кандидатот на партијата од крајната десница Австриската слободарска партија (FPo) Норберт Хофер го призна поразот на претседателските избори од поранешниот челник на Зелените, Александр Ван дер Белен, а резултатите покажуваат дека стравувањата дека Австрија ќе биде првата земја членка на Европската унија која за челник ќе има политичар од крајната десница не се оствариле само за 0,6-процентни поени од гласовите.
„Благодарен сум за вашата неверојатна поддршка. Се разбира, денеска сум натажен., Со радост би се грижел за нашата прекрасна земја од претседателската должност. Ви останувам верен и ќе го дадам својот придонес за позитивната иднина на Австрија“, напиша Норберт Хофер на својата страница на фејсбук.
Хофер ги повикува своите приврзаници да не очајуваат и нивното учество во неделните претседателски избори го оценува како „инвестиција во иднината“, пренесува агенцијата APA.
Во понеделникот австриското министерство за внатрешни работи соопшти дека го завршило пребројувањето на гласовите добиени по пошта, кои сочинуваат 14 отсто од вкупното гласачко тело, односно станува збор за 900.000 гласачи. Пред нивното пребројување Хофер беше во водство со 51,9 отсто, а поранешниот челник на Зелените, Ван дер Белен, кој ја имаше поддршката во вториот изборен круг и од другите две традиционалнипартии, освоил 48,1 отсто од гласовите. Меѓутоа, беше прогнозирано дека дер Белен ќе победи со многу тесна разлика.
Според конечните резултати од вториот круг на претседателските избори, новиот шеф на австриската држава станал Александр Ван дер Белен, со освоени 50,3 отсто од гласовите, за 0,6 отсто повеќе од Норберт Хофер.
Победата на десно крајниот кандидат Хофер (35,1 отсто од гласовите) и независниот кандидат Ван дер Белен (21,3 отсто) претставува неочекувано изненадување, бидејќи никогаш од крајот на Втората светска војна националистите во Австрија не биле водечка политичка сила. Истовремено, двајцата кандидати на партиите од владејачката коалиција претрпеа тешки порази, што укажува на длабока криза на двете традиционални партии кои се менуваа во власта.
Изненадувањето за коментаторите претставуваше големата поддршка за Хофер, кој и покрај кризата во односите меѓу ЕУ и Русија поради украинскиот конфликт, за залагаше за брзо укинување на европските санкции кон Москва, а имаше и бројни остри изјави против масовните миграции и европската политика кон ова прашање.
Сегашната влада на Австрија ја сочинуваат социјалдемократите и „народњаците“, двете големи партии кои со години како спротиставености доминираа со тамошната политичка сцена, но сега станаа изборни губитници.
Тесната изборна трка, ја одразува сé поголемата поделба во австриското општество. Меѓу оние кои им изразуваат добредојде на речиси стоте илјади доселеници, кои пристигнуваат од минатата година, и оние кои стравуваат дека тоа ќе ги загрози традиционалните австриски вредност, ќе ја промени демографијата на земјата и ќе го загрози животниот стандард.
Излезните анкети покажуваа дека оние кои се чувствувале економски посигурно, гласале за Ван дер Белен, додека оние кои очекуваат пад на животниот стандард гласале за Хофер. Се проценува дека 86 отсто од работниците гласале за Хофер, пишува DPA./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

