Спорт
Вардар бара од ЕХФ да се игра мечот со Елверум

РК Вардар реагира на одлуката на ЕХФ да се одложи мечот од Лигата на шампионите против норвешкиот Елверум, кој требаше да се игра во Скопје на 24 септември.
Причина за одложувањето се рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето.
„Не можеме да влијаеме на одлуките на норвешките власти, но треба да забележиме дека секоја влада обезбедува исклучок за спортските тимови. Ние сме на позиција дека Вардар 1961 не бил еднакво третиран бидејќи ги направивме сите потребни активности за организација на натпреварот вклучувајќи ги сите стандарди за здравствена безбедност во согласност со упатствата на ЕХФ и на локалната самоуправа, како и изолираната резервација на хотелот само за луѓето од Елверум.
Одложувањето на натпреварот ќе му донесе повеќе проблеми на Вардар 1961 бидејќи сме пред почеток на СЕХА-лигата и ќе се соочиме со проблеми во календарот и со натпреварот со Елеверум. Од друга страна, Елверум имаше опција да го одложи својот натпревар во домашното првенство.
Ние би сакале, доколку е можно, одлуката за одложување да се ревидира и натпреварот да се игра според предвиденото“, велат од Вардар.
Фото: РК Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Барселона е шампион на Шпанија

Фудбалерите на Барселона се шампиони на Шпанија по 28-ми пат во богатата историја на клубот. Вечерва, Барселона го победи градскиот ривал Еспањол со 2:0.
Со овој триумф, Каталонците стигнаа до недостижна предност од седум бода во однос на Реал Мадрид на две кола пред крајот на сезоната.
Блауграна го обезбедиа третиот трофеј во сезоната, бидејќи претходно ги ги освоија Шпанскиот Суперкуп и Купот на Кралот.
Барселона се приближи до најголемиот ривал Реал Мадрид на „вечната листа“, според бројот на шампионски титули, имаат осум помалку. Атлетико Мадрид е трет со 11 титули.
Натпрвеварот на стадионот на Еспањол го обележа Ламин Јамал. Постигна спектакуларен гол во 53.минута, во 80. изнуди исклучување на Кабрера, а во 95. му асистираше на Фермин Лопез за конечните 0:2.
🚨🇪🇸 GOAL | Espanyol 0-1 Barcelona | Lamine Yamal
WHAT A FANTASTIC GOAL FROM LAMINE YAMAL !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/D9Zxdz4dFb
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) May 15, 2025
Спорт
(Видео) Ужасни сцени во Барселона со автомобил влета во навивачите

Возач вчета со возило меѓу навивачите пред стадионот Еспањол, а според првите извештаи, најмалку 13 лица се повредени, според очевидци, четворица се тешко повредени и се однесени во болница.
Брза помош и полиција беа на местото на настанот и го уапсија возачот.
Полицискиот портпарол изјави дека „возачот ја изгубил контролата врз возилото“ и дека сите повредени претрпеле само полесни повреди. Според првите проценки на полицијата, станува збор за „несреќа“.
Наводно, во моментите кога бил опкружен со голем број луѓе, возачот имал „некаква медицинска состојба“ и тоа резултирало со губење на контролата врз возилото.
„Релево“ ја пренесува изјавата на едно лице кое било на лице место и кое тврди дека на возачкото седиште била жена „која се нервирала во оваа ситуација“.
Веста за сè што се случи беше објавена и на стадионот. Се играше петтата минута, а навивачите на Еспањол, најжестоките, ги напуштија своите места во знак на протест што и покрај несреќата, натпреварот продолжи.
Медиумите јавуваат дека еден од повредените е градоначалникот на Бадалона, Ксавиер Гарсија Албиол. Градскиот совет објави дека не станува збор за сериозна повреда, дека автомобилот само му ја прегазил ногата.
Fans have been ran over outside Espanyol stadium. 😳
— Soccer Forever (@soccerforeverhq) May 15, 2025
Oh my God, oh my God!!!! Disastrous events outside the Barcelona vs. Espanyol match!!!! A difficult clip pic.twitter.com/n9RmKopVez
— BerryVictory (@berry_victory3) May 15, 2025
BREAKING:
A car ran over multiple Espanyol fans ahead of the match against Barcelona.
According to the latest reports, an elderly woman lost control of the car. Multiple injuries confirmed.#EspanyolBarça pic.twitter.com/r2t0KoLYTc
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) May 15, 2025
Спорт
(Видео) Теодосиќ „полуде“ се караше со челниците на АБА лигата и судиите

Кошаркарите на Црвена звезда во драматична завршница славеа во Лакташи, против Игокеа со 95:90 и се пласираа во полуфиналето на региналната АБА лига.
Немања Недовиќ ја предводеше Црвена звезда со 26 поени и шест асистенции, Рпокас Гедраитис на 10 секунди до крајот постигна тројка со која го реши мечот, а во финишот се „истакна“ 37-годишниот Милош Теодосиќ, кој за неколку секунди доби две технички грешки, откако преходно направи фаул врз Марко Јеремиќ при шут за три поени.
Она што Милош Теодосиќ им го кажа на тројцата судии Урош Николиќ, Милан Недовиќ, Владимир Јевтовиќ, па заработи две технички грешки во рок од неколку секунди, присутните во салата во Лакташи не можеа јасно да го чујат, бидејќи…
Инцидентот со судиите се случи на центарот на теренот во време кога најискусниот кошаркар на Црвена звезда беше опкружен со други играчи, со вообичаената бучава во салата.
Сепак, кога Тео се сврте кон првиот ред каде што седеа комесарот за делегирање на судиите Срѓан Дожај и спортскиот директор на АБА лигата Милија Војиновиќ, навивачите во непосредна близина јасно можеа да ги слушнат зборовите на Теодосиќ.
Пред да исчезне во тунелот, Теодосиќ им рекол на Дожај и Војиновиќ:
„Сите овие се твои, ти ги прати…“, алудирајќи на судиите.
Ќе биде интересно да се види каква ќе биде реакцијата на регионалното натпреварување на овој инцидент.
— OvoOno (@OvoOnoX) May 15, 2025