Црна хроника
Меѓу насадена пченка посеал канабис

Вкупно 85 стебла од растението „канабис сатива“ полицијата пронајде и искорна од нива во атарот на тетовското село Желино, информираат од полицијата.
Стеблата се пронајдени во вторникот од полицијата, откако по претходни сознанија извршиле проверка на нивата на 62-годишниот М.И. од Желино.
На дел од јужната страна и во внатрешноста на нивата насеана со пченка, пронајдени, искорнати и подигнати за вештачење се 85 стебла од растението, високи над два метри.
Во тек се мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
За една ноќ приведени тројца возачи поради возење во алкохолизирана состојба

Тројца возачи биле приведени за една ноќ поради возење во алкохолизирана состојба, соопшти МВР.
Во Кичево, на улица Борис Кидрич, полицијата запрела „бмв“ управувано од 26-годишен жител на село Зајас, кој имал 2,08 промили алкохол во крвта.
Неколку часа подоцна, во Куманово, полициски службеници го задржале 34-годишен возач на „смарт“ со 3,43 промили.
Во Битола пак, на улица Македонска фаланга, бил приведен 41-годишен жител на Средно Егри со 1,68 промили, откако бил запрен во „мерцедес“ со битолски регистарски таблиички.
„По целосно документирање на случаите, против тројцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
На „Ќафасан“ приведено лице со мерка за издржување затворска казна

На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница при обид за излез од државата, полицијата привела лице за кое имало изречена мерка за апсење од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 14 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на македонско-албанската граница, при обид за излез од земјата, лишен од слобода е З.Б.(62) од Гостивар.
– По извршени контроли, полициските службеници констатирале дека тој евидира со активна мерка „апси“ и дека има активна наредба од Основниот суд во Гостивар поради сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 и „безобѕирно управување со моторно возило“, по член 297 од Кривичниот законик, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Лицето, додаде, е спроведено во казнено поправната установа „Затвор Гостивар“.
Црна хроника
Кавадарчани приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар

Кавадарчани биле приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Вчерa во 18.10 часот и во 18.15 часот, на Градскиот стадион во Кавадарци, полициски службеници од СВР – Велес ги привеле И.П.(34) и Д.И.(28), двајцата од Кавадарци, затоа што за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК Тиквеш од Кавадарци и ФК Вардар од Скопје, не ги почитувале наредбите дадени од полициски службеници, се наведува во соопштението.
По документирање на настанот, како што велат од СВР Велес, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.