Црна хроника
Браќа од Струга навредувале и удриле полицаец во Охрид

Двајца браќа од Струга приведени се ноќеска во полициска станица во Охрид, откако едниот предизвикал инцидент пред ноќен клуб, а другиот со тупаница удрил полицаец, кој го приведувал брат му.
Најнапред околу 01.45 часот, од страна на Р.Е. (24) од Струга бил нарушен јавниот ред и мир пред охридски ноќен клуб со викање со висок тон и со туркање кон останатите гости кои влегувале во клубот. Од страна на полициски службеници истиот бил предупреден, при што од негова страна биле упатени омаловажувачки зборови кон нив, а при обид да биде легитимиран истиот одбил и се обидел да избега. При неговото приведување истиот пружил активен отпор, а на местото на настанот дошол и неговиот брат И.А.(38), кој почнал да ги попречува полициските службеници и со раце ги влечел со намера да го ослободи својот брат. Откако Р.Е. бил ставен во службеното возило, при обидот полициските службеници да ја затворат вратата, еден од нив добил удар со тупаница во пределот на десното око од страна на Р.Е, по што на службеникот му била укажана лекарска помош во охридската Општа болница. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 75-годишен скопјанец, пронајдени оружје и муниција во неговиот дом

Вчера во 18:40 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 75-годишниот Љ.С. од село Трубарево.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и други предмети, извести МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во своите дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
Во периодот од 2020 до 2025 година, пријавените набавувале семки од растението канабис и во дворовите од нивните кјуќи во с.Огњанци, скопско, одгледувале стебла, кои ги береле, сушеле, а потоа ги пакувале во зипер ќеси и ги продавале на уживатели на подрачјето на град Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.
На 06.09.2025, со судска наредба, полициски службеници извршија претреси во домовите на пријавените. Притоа, во домот и дворот на Б.А.(42) се пронајдени и одземени марихуана и осум стебла од растениетѕо канабис. Додека, во домот и дворот на Б.А.(40) се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението канабис.
Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.