Спорт
Делонте Вест повторно е бездомник, проси на улица

НБА лигата, Док Риверс, Џамир Нелсон и Асоцијацијата на НБА кошаркари (НБПА) повторно се обидуваат да му помогнат на поранешниот НБА кошаркар, Делонте Вест откако се појави фотографија на која 37-годишниот Американец проси за пари на улица, а наводно повторно е бездомник.
Вест беше 24. пик на драфтот во 2004 година и одигра 8 НБА сезони за Сиетл, Далас, Кливленд и Бостон, каде што тренер му беше токму Риверс.
Ова не е првпат Вест да биде во јавноста поради неговата состојба. Во февруари 2016 година, тој беше забележан во Хјустон бос и со болничка облека, а во јуни истата година тој беше забележан како проси на улица. Оваа година пак, во јануари се појави видео на кое Вест го тепаат неколку мажи.
Delonte West Disturbing Photo Surfaces, NBA & Doc Rivers Trying To Help https://t.co/MhC4V5bWE0
— TMZ (@TMZ) September 24, 2020
Играл со Леброн сега е бездомник, алкохоличар и наркоман (Видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“