Спорт
Мората: Јувентус ми е животна шанса
Алваро Мората вели дека враќањето во Јувентус е негова животна шанса и верува дека со Андреа Пирло како тренер „бјанконерите може да стасаат до толку посакуваниот трофеј од Лигата на шампионите.
Мората стана прв избор на Јуве кога не успеаја да се договорат со Луис Суарез и иако многумина посочија дека Мората постојано зборува за големата љубов за клубовите за кои настапува, сега тој тврди дека гледа огромен потенцијал во овој тим на Јуве.
„Одлично е да се вратиш во Торино. Сега сум поискусна личност и подобар фудбалер. Ова е животна шанса за мене. Веќе по првите два тренинга, бев импресиониран од Пирло како тренер бидејќи го знае фудбалот. Сигурен сум во успехот и би сакал да постигнам 35 гола. Секогаш велев дека мојот сон е да играм за Атлетико Мадрид, но во Јувентус веруваа во мене и кога бев многу млад и благодарен сум за шансата. Сега сум на вистинското место во вистинското време. Најдобрата меморија од Италија ми е мојата сопруга и трофеите што ги освоив“, вели 27-годишниот Шпанец.
Мората играше со Јуве во финалето на ЛШ во 2017, а две години подоцна ги победи како фудбалер на Реал Мадрид покрај Кристијано Роналдо.
„Го знам Кристијано многу добро, и како фудбалер и како личност, и секогаш добро сме се согласувале. Лигата на шампионите е многу важна за нас и се надевам дека оваа сезона ќе одиме до крај“, вели Мората.
Мората е новиот Анелка, секогаш многу ги сака своите нови клубови
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.
Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.
Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.
Спорт
(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.
Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.
Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.
Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.
Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.
Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.
Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.
Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.
Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).
Foto/ depositphotos.

