Компании
Како најбрзо и најлесно од странство да испратите подарок на вашите блиски?
Живеете и работите во странство и сакате за кратко време да ги израдувате најблиските?!. Тоа да биде брзо, едноставно и крајно безбедно.
Пратете им Подарок Картичка, тие сами ќе си одберат подарок или ќе ги искористат средствата за тоа што им е неопходно. Ваквата услуга која ја нуди е-pay Македонија (www.e-pay.mk) може да ви помогне да испратите парични средства во Македонија, а тоа да биде едноставно, брзо и со крајно мали провизии. Иако средствата кои може да се префрлат не треба да се поголеми од 60.000 денари по трансакција (според законите во Република Македонија), брзината и едноставноста на трансферот е навистина привилегија за корисниците, нешто што не е возможно преку некој друг сличен сервис.
Подарок Картичка може да се испрати од било кој уред, компјутер, таблет или мобилен телефон, а тоа што треба да се направи е на веб страната https://e-pay.mk/ да се избере дизајн на подарок картичката (бидејќи парите се на располагање на картичка), потоа да ја одберете сумата која што сакате да ја испратите, и на крај да ги внесете вашите податоци и податоците за лицето на кое што му ја испраќате Подарок Картичката. Лицето за кое е наменета Подарок Картичката, добива известување по е-маил и СМС порака, со сите информации за Подарок Картичката која што ја добива (број на трансакција, сума, име и презиме и држава на лицето кое му ја испраќа) со тие информации, наредниот работен ден после 12 часот, може да појде во било која експозитура на Еуростандард Банка и со приложување на документ за лична идентификација (лична карта или пасош) да си ја подигне Подарок Картичката. После подигнувањето на Подарок Картичката, лицето може од било кој АТМ (Банкомат) на Еуростандард Банка да ја подигне сумата во готово без никаква дополнителна провизија, или да ја користи картичката низ продажните места во Македонија.
e-Pay Македонија, е проект на ИГАЛ Гроуп – ДОО Скопје, во соработка со Еуростандард Банка – Македонија. За повеќе информации во врска со испраќањето на Подарок Картичките (Gift Card) посетете ја нашата веб страна www.e-pay.mk или контактирајте не на телефон +389 71 700 070 кој е достапен во периодот од 09:00 часот до 17:00 часот (по Македонско Време) или да не комуницирате 24/7 на: [email protected], Facebook: @epaymacedonia/крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)