Црна хроника
Го фатиле додека крадел во црква во Октиси
Полицијата од струшкото село Велешта приведе жител на село Октиси кој се обидел да ја ограби црквата Свети Никола која се наоѓа во ова село, соопшти МВР.
Пред два дена полицијата го затекнала триесет и тригодишниот крадец во црквата, откако се обидел насилно да ја отвори металната каса, поставена на надворешниот ѕид на црквата.
Кога го привеле, кај него нашле земјоделска алатка – копач со којшто се обидувал да ја отвори металната каса, но не успеал, ја оштетил само металната брава.
Против крадецот ќе биде поднесена кривична пријава. Полициските инспектори работат на расчистување на кражбата во црквата „Св. Петка“ во струшкото село Вишни, која била пријавена денеска, а се случила од 5 до 8 април.
Засега непознат сторител го скршил прозорот од внатрешноста на црквата и украл 1.000 денари.
Инаку против крадецот кој беше фатен во црквата во Октиси во изминатите две години има поднесено кривични пријави за кривични дела тешка кражба и кражба во обид./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

