Спорт
Ерменците ја гарантираат безбедноста – Црвена звезда ќе гостува во Ереван
Арарат и Црвена звезда плејоф натпреварот за пласман во фазата по групи во Лига Европа ќе го одиграат во Ереван, одлучи УЕФА. Местото на одигрување на овој натпревар беше доведено под знак прашалник поради воената состојба која е воведена во Ерменија.
УЕФА во вторникот само го потврди терминот на одигрувањето на натпреварот, 18 часот по локално време (16 часот по средно-европско време) во Ереван. Ерменските власти на УЕФА и гарантирале дека постојат безбедносни услови мечот да се игра во нивната земја.
Од местото на воените дејствија Ереван е оддалечен повеќе од 300 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рикелме го доближи Атлетико до ЛШ
Минијатурата на Родриго Рикелме во 5. минута на Балеарските Острови не само што му донесе победа на Атлетико Мадрид над Мајорка оваа сабота навечер, туку веројатно и му обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Без овие три бода, Атлетик Билбао би имал солидни шанси да го помине Атлетико во преостанатите четири кола од Ла Лига, но вака исходот од трката за четвртото место на табелата е речиси решен.
По третолигашкиот гол на 24-годишниот Шпанец и четвртиот вкупен гол сезонава, разликата меѓу двата црвено-бели клуба е шест бода.
Мајорка е во долниот дел на табелата, но има шест бода повеќе од Кадиз кој се наоѓа во опасната зона и извесно е дека финалистот во Купот на Шпанија ќе избори опстанок.
Rodrigo Riquelme’s goal! 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/5YARGEy6hx
— Atletico Universe (@atletiuniverse) May 4, 2024
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Мајами. За Ферстапен ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.
Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути. Тој за 141 илјадитинки беше побрз од Шарл Леклер во Ферари.
Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинц Јуниор, кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега. Шпанецот за само пет илјадити делови од секундата беше побрз од Серхио Перез во Ред Бул.
Најдобар меѓу останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред тимскиот колега Оскар Пјастри и двоецот на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Топ 10 беше комплетиран од Нико Хилкенберг во автомобилот на Хас и возачот на тимот РБ Јуки Цунода.
Траката за Големата награда на Мајами утре ќе започне во 22 часот по средно-европско време.
Спорт
(Видео) Сасуоло повторно го победи Интер
Фудбалерите на Сасуоло славеа минимална победа над италијанскиот шампион Интер. Сасуоло сезонава забележа седум победи, две од нив се против Интер. Интересно ова се единствените порази на Интер сезонава во Серија А.Сасуоло остана на 19.место со 29 бода. Пред овој тим се Удинезе (29), Емопли (31), фросиноне (31), Верона (31), Каљари (32), но сите имаат натпревар помалку.
Стрелец на единствениот, гол беше Арманд Лориен во 20. минута откако Џош Доиг му ја одзеде топката на незаинтересираниот Дензел Дамфрис практично на гол-линијата и потоа му асистираше на Французинот во срцето на шеснаесетникот.
До крајот на сезоната Сасуоло ќе гостува кај Џенова, ќе го пречека Каљари и потоа ќе гостува во Рим кај Лацио.