Македонија
Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 46, Куманово – 7, Штип – 1, Прилеп – 2, Тетово – 1, Струга – 6, Велес – 4, Битола – 7, Охрид – 4, Гостивар – 3, Струмица – 11, Радовиш – 3, Кочани – 4, Пробиштип – 1, Берово – 1, Валандово – 1, Виница – 1, Делечево – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 4, Кичево – 2, Ресен – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 42, Куманово – 8, Штип – 3, Прилеп – 8, Тетово – 10, Струга – 6, Велес – 4, Битола – 3, Охрид – 10, Кавадарци – 2, Гостивар – 13, Гевгелија – 11, Струмица – 4, Крива Паланка – 2, Радовиш – 2, Крушево – 2, Кочани – 4, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Берово – 3, Валандово – 1, Виница – 2, Делчево – 8, Свети Николе – 3, Кичево – 3, Ресен – 1.
Во болнички услови се починати 8 пациенти – од Teтово (73), Струмица (58), Делчево (55), двајца од Струга (80 и 74) и тројца пациенти од Скопје (53, 76 и 82).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.786, бројката на оздравени пациенти е 14.801, на починати е 737, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.248. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.948, активни 683
• Куманово 1.755, активни 180
• Дебар 285, активни 43
• Штип 1.252, активни 49
• Прилеп 673, активни 126
• Тетово 1.426, активни 159
• Струга 669, активни 49
• Велес 323, активни 34
• Битола 303, активни 62
• Охрид 426, активни 39
• Кавадарци 236, активни 47
• Гостивар 931, активни 89
• Гевгелија 125, активни 40 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 242, активни 154
• Крива Паланка 107, активни 25
• Радовиш 79, активни 16
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 353, активни 152
• Пробиштип 112, активни 20
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 12
• Пехчево 44, активни 3
• Берово 103, активни 36
• Валандово 32, активни 22
• Виница 111, активни 28
• Делчево 161, активни 78 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 25, активен 1
• Свети Николе 347, активни 39
• Кичево 326, активни 37
• Ресен 165, активни 16
• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.372 теста се преку: ИЈЗ – 199, ЦЈЗ Скопје – 33, „Авицена“ – 276, „Биотек“ – 184, МАНУ – 184, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 184, „Систина“ со PCR-метода – 156, лабораторија „Лаор“ – 37, Судска медицина – 11, ЦЈЗ Битола – 59, Инфективна клиника – 4, ГАК – 25, „Синлаб“ – 20, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 17, а во болницата во Штип – 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 169 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 57
• Гази Баба – 79
• Аеродром – 102
• Карпош – 88
• Центар – 98
• Кисела Вода – 84
• Ѓорче Петров – 52
• Бутел – 26
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 6
• Сарај – 12
• Арачиново – 7
• Илинден – 29
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 6
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен – 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицевски се сретна со францускиот амбасадор: Фокус на борбата против корупцијата и реформите
Денес во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Во фокусот на средбата беа заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување на видлив економски развој за граѓаните и земјата. Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатаму да биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди.
Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градење на просперитетна и сигурна европска иднина за сите.
Македонија
„Авиончето на браќата Рајт“ отвори расправа: СДСМ ја прашува Сиљановска зошто со колегите од Европа не разговара за платите
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во врска со потребата од нов, поголем владин авион.
Од СДСМ велат дека претседателката најчесто летала со владиниот авион -13 пати, а притоа не соопштила колку тие летови ги чинат граѓаните.
„Сите тие сакаат да се луксузираат на грбот на народот, ништо не им е доволно големо, ништо не им е доволно. Само за платите на работниците кога ќе стане збор, тие се доволни, никако да ги покачат. 600 евра минимална плата за нив е премногу, авионите им се мали“, велат од партијата.
СДСМ тврди дека лет со владиниот авион може да чини и до 40 илјади евра, и дека комерцијален лет во економска класа е значително поевтин.
„Кој претседател досега воопшто ја отворал темата за големината на авионот? Ги праша ли Гордана Сиљановска нејзините колеги претседатели што мислат за тоа што македонските работници имаат најниски плати и во Европа? Што мислат за тоа што минималната плата во Македонија е најмала во регионот? Или што животниот стандард на македонските граѓани е најнизок? За тоа не и се зборува за Сиљановска, само за луксузи и авиони“, велат од СДСМ.
Претходно денес, претседателската Гордана Сиљановска-Давкова рече дека владиниот авион е стар 25 години, купен на старо, и дека според неа треба да се размислува за набавка на нов, но поголем авион.
Говорејќи по свеченоста во Институт за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, таа во деминутив го нарече „владиното авионче“, посочувајќи дека нејзини колеги претседатели од регионот го нарекувале „авиончето на браќата Рајт“, бидејќи е најмало и најстаро.
Сиљановска-Давкова изјави дека користењето на владиниот авион понекогаш овозможува пофункционално извршување на државните обврски и дека може да биде и поевтино од комерцијалните летови. Сепак, додаде дека не е пријатно што авионот е стар 25 години и купен на старо.
Македонија
Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството за гонење на организиран и корупција. Во предметот беа опфатени повеќе царински службеници од Царинските испостави Ново Село и Дојран. Со пресудата, дванаесет обвинети лица се огласени за виновни за сторени кривични дела Примање поткуп и Злоупотреба на службената положба и овластување.
Четворица обвинети се осудени на ефективни казни затвор во траење од една година и шест месеци до три години, додека на останатите осум лица им се изречени условни осуди.
Четворица обвинети на почетокот на главната расправа го признаа делото и тогаш судот ги осуди на ефективни казни затвор во траење од 2 години до 2 години и 8 месеци.
Воедно, на 14 лица во предметот осудени за кривичното дело Примање поткуп судот им изрече и казна забрана за вршење на должност на службено лице, во времетраење од две до осум години, индивидуално определена за секој од нив.
Предлогот на обвинителството за одземање и конфискување на имотната корист прибавена со кривично дело беше делумно прифатен од страна на судот и паричните средства се вратени на еден од обвинетите.
Останатите привремено одземени парични средства пронајдени при извршените претреси се одземени и тоа 18.230 евра, 263.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 443 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.
Обвинителството незадоволно од висината на казните и од висината на одземените парични средства најавува дека ќе го искористи правото на изјавување на правен лек по писмено добивање на пресудата.
Истражната постапка за овој случај беше отворена во октомври 2024 година кога беше спроведена полициска акција под кодно име „Премин“ поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат.

