Црна хроника
Две години велешанец си ја силувал ќерка си
Велешката полиција уапси 48 годишен маж кој е осомничен дека повеќе од две години ја силувал ќерка си. Против него полицијата ќе поднесе кривична пријава за “родосвернавење”.
Велешката полиција уапси 48 годишен маж кој е осомничен дека повеќе од две години ја силувал ќерка си. Против него полицијата ќе поднесе кривична пријава за “родосвернавење”. По разговорите со приведениот и со членови на неговото семејство, било утврдено дека осомничениот во изминатите два и пол години во повеќе наврати на сила и со закани ја злоупотребил неговата 24-годишна ќерка и ја присилувал да имаат сексуални односи. Во вторникот осомничениот заедно со кривична пријава бил изведен пред истражен судија од Основен суд Велес кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена и истиот веднаш бил префрлен во Истражен затвор Скопје. Уапсениот и порано бил пријавуван за кривични дела “силување“ и “кражба“, за што му се изречени и затворски казни. крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и стази без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

