Европа
Белоруската опозиција повторно тврди дека изборите биле неправедни
Во Белорусија во неделата беа спроведени изборите за новиот парламент во којшто речиси сигурно повторно ќе доминираат пратениците од партијата на претседателот Александр Лукашено, а опозицијата повторно и оцени како неправедни.
„Изборите се одвиваа во целата земја. Можеме да бидеме сигурни дека парламентот е избран на легален начин“, изјави претседателката на Централната изборна комисија Лидија Ермошина, пренесуваат агенциите.
„Нема веродостоен показател дека постојат неправилност кои можат да влијаат на изборниот резултат“, додала Ермошина и појаснила дека излезноста била повисока од 50 отсто, што е неопходниот минимум изборите да бидат валидни, што според комисијата беше исполнеа уште во 14 часот, а до крајот излезноста изнесувала 74,32 отсто од избирачите.
За Претставничкиот дом на Националното собрани, долниот дом на парламентот, во неделата според мнозинскиот систем се избираа 110 пратеници од исто толку окрузи, на кои претендираа 485 кандидати.
Оваа поранешна советска република којашто го одржува уште силните врски со Русија, повеќе од две децении е водена од Александр Лукашенко.
Претставниците на слабата белоруска опозиција и на овие избори предупредуваа дека изборниот процес ќе биде неправеден и ќе има многу пропусти.
„Опозицијата нема никакви шанси на изборите. Изборниот процес не е либерализиран, уште е полош“, изјавил за AFP Владимир Лабкович
Европската унија минатата година и укина санкциите против Лукашено, со цел да се отвори процесот на демократизација на земјата. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Белорусија испрати 400 набљудувачи на изборниот процес./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нов напад на Киев, фрагменти од руски дронови паѓаат врз детска клиника
Делови од соборените руски беспилотни летала доцна синоќа погодија згради во два киевски квартови, при што е повредено едно лице, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални власти.
Сликите на урнатините расфрлани внатре и надвор од педијатриската клиника во градскиот кварт Днипровски, на источниот брег на реката Днепар, беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм.
Обезбедувањето на зградата е пренесено во болница, а оштетени се и соседните згради.
🚨🇷🇺🇺🇦
Breaking NewsRussian drone strike and damaged a clinic in the Dniprovskyi district of #Kyiv. There is also damage to neighboring buildings.#Ukraine #UkraineWar #UkraineRussiaWar️️ pic.twitter.com/gDegIFyfSf
— World Crisis Tracker (@WorldCrisi19621) November 28, 2024
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека остатоците од дронот ја погодиле инфраструктурата во областа Свијатошински на западниот брег на реката.
Воздушната тревога траеше повеќе од еден час.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.