Црна хроника
Во акција на ФБИ уапсен хакер од Македонија
Во операција на американското Федерално истражно биро уапсени се 10 мина хакери поради сајбер криминал чија штета е околу 850 милиони долари.
Како што е објавено на страницата на ФБИ, меѓу уапсените има лица и од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, од Нов Зеланд, Перу, Велика Британија и САД.
Во операцијата се откриени меѓународни сајбер криминални кругови кои се поврзани со ширењето на вирусот Јахос, на преку 11 милиони компјутери ширум светот што им овозможило да украдат приватни податоци вклучувајќи и информации за кредитни картички.
Безбедносниот тим на Фејсбук бил вклучен во оваа акција бидејќи корисниците на социјалната мрежа биле жртви на сајбер напад меѓу 2010 и 2012 година.
Како што наведува ФБИ, хакерите го користеле Батефлај ботнет за да влезат во сметачите./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Тешко повредена девојка од Скопје откако четирицикл излета од земјен пат во Галичник
Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Со „цитроен“ во Струмица маж излетал од патот, тешко повреден сопатникот
Во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.