Компании
„ТАВ Македонија“: Скопскиот и охридскиот аеродром со пораст од 20 отсто според бројот на превезени патници
Двата македонски аеродроми, скопскиот „Александар Велики“ и oхридскиот „Св. Апостол Павле“, првите девет месеци годинава ги завршија со вкупно 1.183.728 патници, што е пораст од 20%, споредено со истиот период минатата година, информираат од „ТАВ Македонија“.
„За разлика од аеродромите во Европската Унија, каде што во август просекот за пораст на бројот на патници е 5,2%, ние бележиме пораст од 30% на скопскиот и охридскиот аеродром во септември, споредено со истиот месец лани. Ваквите двоцифрени зголемувања, и на месечни нивоа, но и во целиот период од првите девет месеци годинава, се должат на маркетинг-политиките на ТАВ-холдингот за привлекување на нови авиокомпании и зголемување на постоечките фрекфенции од македонските аеродроми. Истовремено, од голема помош за континуираниот пораст на вкупниот сообраќај е и поддршката на Владата за нискобуџетните авиокомпании, како и се почестото присуство на странски туристи во Македонија, нашите иселеници кои почесто ја посетуваат татковината, како и младите луѓе кои сакаат да патуваат и откриваат нови дестинации“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Крстевски додава дека во последно време значително е зголемен и интересот на граѓаните од соседните земји, како од Косово, од Албанија и од Јужна Србија, за патување преку скопскиот аеродром „Александар Велики“, што навестува негово позиционирање како главен центар меѓу аеродромите во регионот.
Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат трендот на зголемување на сообраќајот на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ да продолжи и натаму, како резултат на новите осум линии кои се воведоа годинава од двете авиопристаништа – шесте од Скопје за Женева, Фридрихсхафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нинберг, како и двете од Охрид – за Лондон и Базел.
Во првите девет месеци преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ патувале вкупно 1.183.728 патници, што е зголемување за 20% во однос на истиот период минатата година.
Во истиот период, од јануари до септември, на двата аеродроми се реализирани вкупно 11.695 летови, при што порастот на годишно ниво е 10%.
Најфрекфентна дестинација од „Александар Велики“ и натаму e Истанбул (двата аеродроми „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“) со 14,4% пазарен удел во вкупниот сообраќај, а потоа следуваат Цирих, Виена, Малме, Базел и Лондон (Лутон). Меѓу авиокомпаниите, „Виз ер“ има пренесено најголем број патници во периодот јануари-септември со 49% пазарен удел, а по него следуваат ,,Туркиш ерлјанс’’, ,,Аустриан ерлајнс’’, ,,Пегасус ерлајнс’’, ,,Ер Србија’’ и ,,Еделвејс’’. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

