Црна хроника
Убиен маж и тешко ранета жена во Гостивар

Гостиварец е убиен, а триесет и деветгодишна дебранка е застрелана во главата во понеделник вечерта петнаесет минути пред полноќ, на улица Мара Угринова, во близина на железничката станица во Гостивар, соопштуваат од СВР Тетово.
Осомничен за убиството е педесет и едногодишниот М.И. од село Чегране кој пред инцидентот се расправал со дебранката со која подолго време биле во љубовна врска.
Во еден момент чегранецот извадил пиштол и испукал еден куршум во главата на жената.
Шеесет и двегодишниот гостиварец се вмешал, па бил убиен со два куршуми во главата и еден во градите.
Многу брзо на местото на убиството и обидот за убиство стигнал полицаец од гостиварската полиција, па осомничениот бил совладан и приведен.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, додека повредената жена поради сериозноста на повредите е пренесена во болница во Скопје, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.
Извршен е увид на лице место, и подигнат е пиштолот, три чаури и еден проектил. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.