Црна хроника
Четири деца повредени во сообраќајка кај Македонска Каменица
Четири деца и возачот на комбето се повредени во сообраќајна несреќа што се случил денеска на патот Македонска Каменица – Саса на местото викано Павлич Дол, информираат од СВР Штип
Повредените се пренесени во болницата во Кочани, каде им била укажана лекарска помош и моментално се наоѓаат надвор од животна опасност.Сообраќајката се случила околу 12:20 часот кога дошло до судир меѓу полициски џип „Дифендер“ во сопственост на Полициската станица во Македонска Каменица со комбе кое враќало од училиште ученици од прво до четврто одделение низ селата околу Каменица.„Истражен судија направи увид на местото на несреќата. Дополнително ќе се утврдуваат причините за неа“ изјави Снежана Санева, портпарол од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.