Спорт
Винисиус беше „џокерот“ за Реал Мадрид

Винисиус Жуниор ја смести топката во мрежата само седум минути откако влезе во игра, за Реал Мадрид да го „скрши“ отпорот на Валјадолид и да стигне до 1:0 победа.
Зинедин Зидан го стартуваше мечот со Лука Јовиќ и Карим Бемзема на напаѓачката позиција, пред во второто полувреме да го внесе Бразилецот во игра, кој одговори со одлична реакција по една на прв поглед сомнителна ситуација во шестнаесетникот на гостите.
Иако беше јасно во офсајд позиција, сепак, топката не стигна до напаѓачот од Карим Бензема, туку од нозете на дефанзивците на Валјадолид, што потоа беше потврдено и од ВАР системот.
Ова е втора победа во три меча за Реал на стартот на сезоната, со што со 7 поени се израменти со Хетафе, Валенсија и Вилјареал, иако, секако Вилјареал и Валенсија имаат натпревар повеќе.
Vinicius Junior entra no segundo tempo e abre o placar para o Real Madrid.
Real Madrid 1×0 Real Valladolid pic.twitter.com/5aeAKrPp4H— FutebolNews (@ofutebolnews) September 30, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Договорен е најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

По долги преговори, Ливерпул и Баер Леверкузен го договорија трансферот на Флоријан Вирц.
Германскиот и англискиот клуб го потпишаа најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, вреден 136,3 милиони евра, според англиските и повеќето европски медиуми и фудбалски инсајдери.
Договорот, исто така велат, е дефинитивно склучен, и сè што останува е двата клуба да го официјализираат договорот.
Ливерпул ќе му плати на Баер основни 117,5 милиони евра како обештетување и дополнителни 18,8 милиони во бонуси, па Вирц ќе може слободно да потпише петгодишен договор со „црвените“.
Вредноста на овој трансфер го надмина претходниот најголем во историјата на Премиер лигата, оној на Мојсес Кајсед од Брајтон во Челзи за 133 милиони евра.
Според порталот „The Atheltic“, во преговорите со Ливерпул, Баер побарал цели 150 милиони за Вирц, но на крајот, двете страни постигнале договор за помала сума.
Минатата сезона Вирц постигна 16 гола и 15 асистенции во 45 натпревари, а пред тоа беше клучен играч во шампионскит тим предводен од Чаби Алонсо.
Во 49 натпревари во шампионската сезона на Баер, тој постигна 18 гола и запиша 20 асистенции во 49 натпревари.
BREAKING: Liverpool and Bayer Leverkusen have come to an agreement on a British record deal for Florian Wirtz 🚨
The total package is £116.5m (€137.5 million), made up of a £100 m plus £16.5 million in potential add-ons. pic.twitter.com/HosbszL2r8
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 13, 2025
Спорт
По 34 години, Пипо ја врати Пиза во Серија А, па го напушти клубот

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, сега тренер, Филипо Инзаги, ја напушта клупата на Пиза еден месец по историската промоција во Серија А, објави клубот во петокот.
„Договорот на Инзаги, кој траеше уште две години, беше спогодбено раскинат“, објави тосканскиот клуб.
Се очекува 51-годишникот, како што тврдат медиумите ќе го преземе Палермо.
Палермо наводно ѝ платил на Пиза речиси милион евра за Инзаги. Сицилијанскиот клуб, во сопственост на Сити Фудбал Груп (сопственик и на Манчестер Сити), исто така се стреми кон враќање во Серија А.
Пиза заврши втора во Серија Б под водство на Инзаги, остварувајќи промоција во Серија А за прв пат по 34 години.
Алберто Џилардино е еден од кандидатите за клупата на Пиза, како и Марко Џампаоло, кој неодамна беше отпуштен од Лече.
Спорт
Гонзало Гарсија е новиот тренер на Хајдук

Гонзало Гарсија официјално го презеде Хајдук, потврди клубот. На клупата на третопласираниот тим од неодамна завршената сезона во Хрватска тој го наследи Гатузо.
Трансферот на тренерот беше потврден откако сплитскиот клуб постигна договор со Истра 1961, која претходно ја водеше Гарсија. Договорот е потпишан до летото 2028 година, а новиот тренер официјално ќе и биде претставен на јавноста следната недела, пред почетокот на подготовките на клубот за новата сезона.
Гарсија со Истра 1961 сезоната ја заврши на шестото место. Во 18 натпревари од вториот дел од сезоната, тој загуби само три пати, а покрај тоа, имаше седум победи и осум нерешени резултати.