Македонија
Димитров – Рот: Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат

На денешната средба меѓу вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и германскиот министер за Европа, Михаел Рот, беа детално разгледани следните чекори во однос на постигнувањето на заедничкиот успех – Северна Македонија да ги почне пристапните преговори за време на германското претседателство со ЕУ.
Германската страна информираше за динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка во која што треба да бидат пренесени елементите кои ги воведува новата методологија.
Вицепремиерот Димитров од своја страна информираше за плановите за реорганизација на преговарачката структура и постојниот механизам за координација на евроинтеграцијата, за да може ефикасно да се одговори на предизвиците од новата методологија.
„2020 година и покрај сите предизвици ќе биде запаметена и како годината во која Северна Македонија, нејзините сојузници и партнери имаат причина за славење. За успешно заокружување на годината, по одлуката во март, потребна е уште една значајна одлука којашто ќе го отвори патот кон конечно остварување и на втората стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија. Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат“, изјави Димитров.
Соговорниците ја потенцираа важноста и на Берлинскиот процес во контекст на регионалната соработка, како платформа што може да придонесе за насочување на сите регионални иницијативи и за продлабочена економска соработка и поврзување на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од скопски Карпош

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. Осло бр. 15б, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од ул. Осло. ( општина Карпош )
Македонија
Катерина Мирчовска именувана за нова директорка на болницата во Кочани

Катерина Мирчовска е именувана за нова директорка на болницата во Кочани, објави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.
„Силно лидерство за болницата во Кочани!
Вчера за директорка на Општата болница Кочани е именувана Катерина Мирчовска, хирург. Веста помина штуро, со појаснување дека тоа е на барање на повредените од трагедијата за Кочани.
Катерина ја запознав низ работата за повредените од трагедијата во Кочани. Импресионира на прв впечаток. Полна со енергија, посветена, професионална, со големо срце, ги знае во детали сите најразлични потреби на повредените. Катерина се откажа од својот трансфер во ГОБ 8 септември Скопје за да се посвети на повредените“, објави Клековски на „Фејсбук“.
Тој додава дека Катерина е најдобар можен избор за водење на болницата во периодот на опоравување на повредените и ветува силно лидерство за болницата во овој критичен период.
Македонија
Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот „Украина – Југоисточна Европа“ што се одржа во Одеса, Украина.
Самитот, кој беше отворен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претставува продолжение на претходните средби одржани во Атина, Тирана и Дубровник, со учество на високи претставници од земјите на Југоисточна Европа. Главната цел на самитот е поддршка за Украина и зајакнување на регионалната соработка и безбедноста.
Во своето обраќање, вицепремиерот Меџити изрази благодарност за гостопримството на украинските власти и ја реафирмираше непоколебливата поддршка од страна на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
„Обединети сме пред предизвиците кои го загрозуваат мирот, безбедноста и меѓународниот поредок. Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната“, – истакна тој.
Вицепремиерот Меџити ја нагласи и посветеноста на земјата за продлабочена регионална соработка и изградба на безбедна, мирољубива и демократска Европа.