Црна хроника
Вкупно 48 албански државјани нелегално престојувале во Полог
Вкупно 48 албански државјани нелегално престојувале и работеле во гостиварско-тетовскиот регион, соопшти МВР.
Во тетовска Мала и Голема Речица, Боговиње и Камењане откриени се и приведени вкупно 19 албански државјани на возраст од 25 до 45 години, кои не поседувале никакви документи и непријавено работеле како градежни и полски работници.
Во Гостивар, Чегранскиот и Врапчишкиот регион полицијата откри 29 албански државјани-економски емигранти, претежно со непријавен престој, а значителен број и без документи. И против нив ќе следат поднесоци и депортирање.
По целосното расветлување на сите поединости поврзани со нивниот престој и работа во Полог, странските државјани ќе се соочат со соодветни поднесоци и ќе бидат депортирани во матичната земја./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

