Спорт
Гвардиола: Биелса го почитувам најмногу, но Кројф е највлијателниот

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, вели дека почитта кон ривалот од Лидс јунајтед, Марсело Биелса, е најголема во светот на фудбалот, но сепак, не го смета Аргентинецот за највлијателниот тренер во историјата.
Лидс го пречекуваат Сити в сабота навечер, а Гвардиола, кој и во минатото честопати ја искажувал почитта кон 65-годишниот Биелса, вели дека работата е повеќе од трка по трофеи и дека Биелса го претставува тоа најдобро.
„Тој најверојатно е личноста која најмногу ја почитувам во светскиот фудбал, како менаџер и како личност. Мислам дека е најавтентичниот тренер во историјата, со начинот на кој ги води своите тимови, бидејќи никој не го прави тоа. Никој не може да го имитира, бидејќи тоа е невозможно. Секогаш бил инспирација за мене. Вредноста на еден тренер не е само во трофеите кои ги освоил. Моите тимови освоиле повеќе од неговите, но според фудбалското знаење уште сум под него“, вели Гвардиола.
Сепак, на лично ниво, тој вели дека Биелса не е највлијателниот тренер, бидејќи таа чест оди кај Јохан Кројф, под кого Гвардиола играше во Барселона.
„Не може да ми биде влијание бидејќи не сум работел со него секојдневно, така што Јохан Кројф останува највлијателниот тренер во мојот живот“, објаснува Каталонецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти ќе го продолжи договорот со Бразил до 2030 година

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е подготвен да потпише нов и продолжен договор со Бразил до 2030 година, водeјќи ја селекцијата во уште еден циклус за Светското првенство. Ова ја покажува големата доверба што Бразилската федерација ја има кон Анчелоти, откако долго време се обидуваа да го убедат да ја прифати функцијата.
Според весникот „О’Глобо“, планот е да се обезбеди присуство на поранешниот тренер на Реал Мадрид, без разлика на резултатите на Светското првенство во САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Анчелоти неколку пати изјави дека тој и семејството се задоволни со улогата што ја има и дека би бил подготвен да прифати подолг договор.
Досегашниот негов ефект на клупата на „Селесао“ е три победи, еден пораз (0-1) од Боливија и едно реми (0-0) со Еквадор.
Анчелоти останува единствениот тренер во историјата што освоил петте најсилни европски првенства, Серија А, Ла Лига, Премиер Лига, Бундеслига и Лига 1.
Спорт
Проблем за Ливерпул, Конате е повреден

По завршувањето на оваа репрезентативна пауза следува многу важен дел од првенствата. Англиската Премиер лига како најпребирлива бара голем број играчи за секој тим.
Ливерпул, како шампион, ќе биде сериозно ослабен ако Ибрахима Конате не може да им помогне на соиграчите. Тој се врати од репрезентативните обврски и нема да патува со Франција на Исланд. Причина е повредата што ја доби уште на натпреварот против Челси.
Сега останува прашањето дали ќе биде во тимот на Ливерпул за следниот меч против Манчестер јунајтед.
Спорт
Џерард одбил да седне на клупата на Глазгов Ренџерс

Стивен Џерард се повлече од трката за нов менаџер на Глазгов Ренџерс, јавуваат британските медиуми.
45-годишниот поранешен истакнат англиски фудбалски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин, но по конструктивни разговори со раководството на клубот, одлучил дека моментот не е соодветен за враќање на „Ајброкс“.
Според информациите, разговорите поминале во позитивна атмосфера и двете страни се договориле да „ја остават вратата отворена“ за иднината.
Мартин беше отпуштен минатиот викенд, по само четири месеци на клупата. Под негово водство, Ренџерс има само една победа во првите седум кола од шкотската Премиер лига. За Ренџерс настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џерард, кој во јануари ја напушти клупата на саудискиот Ал-Етифак, е вистински херој за навивачите на Ренџерс. Тој ја предводеше екипата до шампионската титула во сезоната 2020/21, единствената освоена по финансискиот колапс на клубот во 2012 година.