Спорт
Сомнежи за „местенка“ на Ролан Гарос!

Според германскиот „Ди велт“ и повеќе други извори, тениските власти испитуваат „сомнителен“ меч на Ролан Гарос, откако дуелот од првото коло во женски двојки привлекол невообичаено голем број на облози.
Фокусот е посочен кон мечот помеѓу Романките Андреа Миту и Патриција Марија Тиг и американско-руската двојка Медисон Бренгл-Јана Сизикова, а посебно се сомнителни двете двојни грешки на сервис на Русинката Сизикова. Романките на крајот победија со 7:6/6:4, а невообичаено големи облози имало на петтиот гем од вториот сет.
Ова не докажува ништо, и случајот го испитува француската полиција, како и независното тело за интегритет на тенисот ТИУ.
Ова е проблематичниот гем:
I was told by several sources that many bookmakers issued alerts for abnormal betting in Sizikova/Brengle match at Roland Garros, Set 2 Game 5, Sizikova on serve to get broken. She got broken to love. This is the video of the game (thanks to @UnArdeal for finding the video). pic.twitter.com/OPSO6hBjJj
— Stefano Berlincioni (@Carretero77) October 1, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леклер ја грабна пол-позицијата на Хунгароринг

Шарл Леклер ги шокира возачите на Мкларен во квалфикациите за трката на Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари ја освои 27. пол позиција во кариерата, до неа дојде со резултат 1:15.327 минути.
Мекларен, најдоминантниот тим сезонава во првенството на Формула 1, доминираше на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, но двајцата возачи разочараа во последното излегување на патеката. Постигнаа времиња далеку под она што можат со доминантниот болид.
Осакр Пјастри, лидерот во првенството, трката ќе ја започне веднаш до Леклер, а неговиот тимски колега Ландо Норис го освои третото место. До него, од вториот ред, трката ќе ја започне возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Неизвесноста во борбата за пол-позицијата најдобро го отсликува податокот дека разлиата меѓу првиот и четвртиот беше само 53 илјадити делови од секундата.
Третиот ред на стартот го освоија пилотите на Астон Мартин: Фернандо Алонсо и Ленс Строл.
Блесна во квалификациите Габриел Бортолето. Бразилецот со Кик заубер го освои седмото место, пред светскиот првак Макс Ферстапен. Зад него се возачите на сестринскиот тим, Рејсинг Булс: Лијам Лосон и Исак Хаџар.
Аполутно разочарување во квалификациите е Луис Хамилтон. Седумкратниот шампион трката во Унгарија ќе ја започне од 11.место.
Големата награда на Унгарија, на Хунгароринг се вози в недела од 15 часот.
Foto/ EPA/Zsolt Czegledi
Спорт
Заврши љубовта меѓу ПСЖ и голманот Донарума

Дефинитивно пукна љубовта меѓу Џанлуиџи Донарума и Пари Сен Жермен. Еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите ќе го напушти „Паркот на принцовите“.
Актуелниот европски шампион одлучи да го отстрани италијански голман од списокот на првиот тим, бидејќи не сака да го продолжи договорот.
Донарума, кој дојде во Париз во 2021 година, побара поголема плата, но сопствениците на клубот не ги прифатија неговите услови.
Бидејќи неговиот договор истекува на крајот од следната сезона, Пари Сен Жермен сака веднаш да го продаде, за да не си замине без обештетување како што тоа е случи минатото лето со Килијан Мбапе.
Челзи, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Галатасарај и неколку тимови од Саудиска Арабија се заинтересирани за услугите на Италијанецот.
Инаку, на местото на Донарума, во ПСЖ ќе дојде голманот на Лил Лука Шевалие. За овој трансфер „свеците“ ќе издвојат 40 милиони евра.
Foto/ EPA/FILIP SINGER
Спорт
Винисиус ја одби понудата на Реал за нов договор

Шпанскиот „Кадена СЕР“ објави дека Винисиус Жуниор ја одбил последната понуда на Реал Мадрид за продолжување на договорот.
Според овој извор, менџерскиот тим на фудбалерот, понудата ја оцениле како неприфатлива. Бразилецот бара плата која ќе биде речиси иста како платата на Килијан Мбапе и игра на „сè или ништо“ оваа сезона за да оправда зголемување на платата.
За потсетување, драмата помеѓу Винисиус и Реал трае веќе некое време. Тој е лут на клубот од крајот на минатата година, кога не ја освои „Златната топка“. Винисиус смета дека клубот не му помогнал доволно.
Сега бара плата како Мбапе, но Реал не му ја дава.
Во меѓувреме „кралскиот клуб“, наводно ја одбил понудата од 200 милиони евра од неименуван клуб од Саудиска Арабија.
Foto/ EPA/CJ GUNTHER