Спорт
Барса има загуба од 97 милиони евра во 2019/2020

Барселона официјално ги претстави финансиските извештаи за сезоната 2019/2020, кои покажуваат дека клубот има загуба од 97 милиони евра, предизвикана од пандемијата на коронавирусот, иако претходно проценуваа дека првпат ќе има приходи од милијарда евра.
Клубот проценува дека ќе имаше профит од 2 милиона евра доколку не се случеше пандемијата, а вкупно поради болеста, ќе има загуба од огромни 203 милиони евра.
„Барселона не е имуна на Ковид-19, кој имаше огромно влијание врз спортската индустрија и со загуби за сите големи европски клубови. Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) проценува дека вкупната загуба е 4 милијарди евра. Барселона ја заврши годината со приход од 855 милиони евра, далеку под предвидените 1.047 милијарди евра предвидени во буџетот“, изјави на прес-конференција потпретседателот на клубот, Жорди Моикс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јувентус го декласира Ал Аин

Фудбалерите на Јувентус го декласираа Ал Аин во првото коло од Групата Г на Светското клупско првенство.
Тимот од Торино победи со 5:0, а сите голови ги постигнаа стартерите во нападот на Јувентус.
„Старата дама“ прашањето околу конечниот победник го реши во првите 45 минути. Тренерот Игор Тудор, во нападот го избра триото Консеисао, Коло Муани и Јилдиз, а тие постигнаа четири гола во првото полувреме.
Францускиот напаѓач ја отвори серијата во 11-та минута, а десет минути подоцна предноста ја зголеми Консеисао.
По половина час игра, беше јасно дека Јувентус слави, Јилдиз постигна гол, а кон крајот на полувремето, Коло Муани повторно ја затресе мрежата.
Ал Аин беше целосно немоќен во текот на целиот натпревар, а „петардата“ ја комплетираше Консеисао со вториот гол на натпреварот во 58-та минута.
Спорт
Најславната НБА-франшиза има нов газда

НБА франшизата Лос Анџелес Лејкерс доби нов сопственик, а вредноста на зделката се проценува на 10 милијарди долари.
Семејството Бас се согласи да го продаде својот мнозински сопственички пакет и да ја предаде славната франшиза на милијардерот, сопственикот на ЛА Доџерс, Марк Волтон.
Волтон и групата инвеститори што ги собра за оваа пригода ќе му платат на семејството Бас десет милијарди долари за 66 проценти од сопственоста на најпознатата НБА франшиза, што приближно значи дека вистинската цена на Лејкерс е цели 15 милијарди долари.
Џини Бас ќе остане гувернер на Лејкерси дури и по продажбата.
Ова значи дека семејството Бас нема да биде мнозински сопственик на Лејкерси за прв пат од 1979 година, кога Џери Бас ја купи франшизата од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.
Тие 67,5 милиони се еднакви на околу 300 милиони долари денес, што само покажува колку вредноста на овој клуб пораснала во меѓувреме.
Лејкерси ги презедоа неговите деца кога тој почина во 2013 година.
ЛА Лејкерс го освоија својот последен прстен во ковид „балонот“ во 2020 година во Флорида.
Новиот мнозински сопственик, Волтер, е малцински сопственик на Лејкерси од 2021 година и има удели во разни спортски организации, како што се Доџерс (бејзбол), Спаркс (женска НБА), Купот на Били Џин Кинг (тенис), Кадилак тим (Ф1) и Женската хокеарска лига.
Богатството на Волтер се проценува на 6,1 милијарди долари.
Во раните години од ерата на Џери Бас, арената „Форум“ во Лос Анџелес беше место каде се собираа холивудските ѕвезди, а денес тоа е „Crypto.com“ ареана, изградена во 1999 година во центарот на градот.
Токму овој гламур го купи Волтер. Лејкерси се симбол, победничка франшиза која ги има Леброн Џејмс, иконата на оваа генерација, и Лука Дончиќ, симболот на следната.
Спорт
(Видео) Алкарас би го „убил“ Ѓоковиќ“

Карлос Алкараз дефинитивно сè уште не го преболел поразот од Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри во Париз минатата година.
Затоа рече дека ќе би го „убил“ српскиот тенисер, но секако на шега.
За време на турнирот во Квинс, Шпанецот снимал содржина за социјалните мрежи на АТП, па бил замолен да ја игра познатата игра “kiss, marry, kill” („бакни, ожени, убиј“).
За секоја од трите категории, тој морал да избере една од понудените личности, а понудата била… Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Тој решил да го „“убие Ѓоковиќ од наведените причини, да го „ожени“ со Надал и да го „бакне“ Федерер…
Погледнете: